Ќе бидат ли вратени амбасадорите што не беа „сослушани“ во Собранието?
Преку автентично толкување пратениците ќе се изјаснат дали амбасадорите треба да бидат „сослушувани“ во Собранието пред да заминат на функцијата. Ако имаат позитивно мислење, тогаш ќе бараат, а МНР ќе одлучува дали ќе врати десетина амбасадори што го прескокнаа овој чекор. Дипломати, пак, предупредуваат дека сега нема потреба од политички пресметувања на сметка на дипломатијата.