Опозицијата предупредува на можна опасност од влезот на унгарскиот „4IG“ на македонскиот телекомуникациски пазар поради соработката со кинески „Хуавеи“. Според Меморандумот за безбедност на 5Г технологијата меѓу САД и Северна Македонија, „Хуавеи“ спаѓа во „непроверени и некредибилни“ производители. Од „4IG“ за РСЕ велат дека стратегијата за ширење ги почитува локалните прописи и Програмата „Чиста мрежа“
Над 3 милиони евра чинат тендерите за дополнителна набавка на учебници, кои МОН летово ги склучи со десетина фирми. Родители, пак, се жалат дека дел од учебниците, особено за средно образование се во лоша состојба и сами мораат да ги репарираат.
Иран истрела балистички ракети кон Израел на 1 октомври како одмазда за израелските операции насочени кон Хезболах во Либан, поддржан од Иран. Израелската војска соопшти дека ќе му возврати на Иран во догледно време. Ракетниот напад и копнениот упад на Израел во Либан означија драматична ескалација во регионалниот конфликт.