САД ќе истражуваат наводно објавување доверливи планови на Израел за напад на Иран
Соединетите Американски Држави (САД) наскоро ќе го истражат протекувањето високо доверливи разузнавачки документи кои ги опишуваат подготовките на Израел за одмазднички напад против Иран, изјави Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на САД на 20 октомври. Документите со датуми од 15 и 16 октомври, првично беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм во петокот(18 октомври), објави редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа(РСЕ). Документите се означени со „строго доверливо“... Читать дальше...