Премиерот Мицкоски оцени дека Владата во првите 100 дена одлучно се справила со предизвиците и дека нема да отстапи од членството во ЕУ. Лидерот на опозицијата Филипче реагираше дека на граѓаните им било ветувано „Македонија повторно ваша“, а добиле „Македонија повторно на ВМРО-ДПМНЕ и закопана европска иднина“.
Некогаш студенти колку за да се наполни цела Универзална и тоа само од еден факултет. Денес, намален брoj речиси на сите. Анализата на Центарот за граѓански комуникации, покажува дека на УКИМ, повеќе запишани студенти од пред десет години, има само на Медицински и на ФИНКИ.
За власта успешни, за опозицијата - катастрофални. Надворешно неизвесна интеграција во ЕУ, внатрешно поделени, борбата против корупција на почек, додека граѓаните ги чекаат резултатите од економските мерки. Како поминаа првите сто дена од владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам?