ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 31.10.2024

Нетанјаху: Договорот за прекин на огнот со Хезболах мора да гарантира безбедност на Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им рече на американските пратеници на 31 октомври дека каков било договор за прекин на огнот со либанскиот Хезболах, кој Соединетите Држави го прогласија за терористичка организација, ќе мора да ја гарантира безбедноста на Израел. Тој ова го изјави по нападот на Хезболах на северот на Израел, како што соопштија израелските власти, при што загинаа седум лица. Во меѓувреме, Министерството за здравство на Либан соопшти дека во израелските напади во последните 24 часа загинале 45 лица... Читать дальше...

Нема нови животни за зоолошката градина во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Не помина иницијативата за мораториум за внесување нови животни во Зоолошка, поднесена од „Зелен хуман град“ во Советот на Град Скопје. Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани беше отфрлена точката за нови животни. Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ рече дека со ова нема да се оптовари буџетот на Градот и повика да се спречи понатамошно внесување нови животни во Зоолошката.  „Ако зборуваме дека одиме во 21. век, се стремиме кон еволуција, прво на лично ниво, а потоа и колективно секако... Читать дальше...

МВР: Граѓаните да не ги отвораат пораките со лажно претставување на МВР и БЈБ

SlobodnaEvropa.mk 

Зголемен бројот на измами што годинава биле забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност информираат од Министерството за внатрешни. Од Секторот за компјутерски криминал при МВР известуваат дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница. „Обидите најчесто доаѓаат преку електронска пошта, но и преку социјалните мрежи... Читать дальше...

Анкета на стопанската комора: На приватни компании им биле барани до 10 илјади евра мито

SlobodnaEvropa.mk 

Од 1000 до 10 000 евра, им биле барани на приватните компании за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Ова го покажа анкетата на Стопанската комора на Северна Македонија, спроведена лани, а со која биле опфатени 138 приватни компании, од кои 53 проценти се изјасниле дека биле соочени со коруптивни барања.   Резултатите од анкетата беа соопштени на денешната обука „Бизнис интегритет“... Читать дальше...

Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на најмалку 158

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на најмалку 158, соопштија властите во четвртокот. Тимовите за итни случаи со помош на беспилотни летала продолжуваат да трагаат по исчезнатите, додека повеќе од илјада припадници на армијата во Валенсија - најтешко погодената област - помагаат во акциите, пренесува новинската агенција АФП. „Наш приоритет е да ги најдеме жртвите и исчезнатите за да можеме да помогнеме да се стави крај на страдањата на нивните семејства“, рече шпанскиот премиер... Читать дальше...

Германски адвокати бараат од судот да го блокира бродот кој наводно носел експлозиви за израелска компанија

SlobodnaEvropa.mk 

Адвокатите за човекови права поднесоа жалба до судот во Берлин, барајќи да ја блокираат пратката од 150 тони воен експлозив на германскиот товарен брод „МВ Катрин“ наменет за, како што велат, најголемата израелска компанија за оружје. Европскиот центар за правна поддршка (ЕЛСЦ) во средата (30 октомври) објави дека е поднесена тужба во име на тројца Палестинци од Газа, во која се тврди дека пратка со првенствено експлозиви може да се користи за израелската војна во Газа, што потенцијално придонесува... Читать дальше...

Декларацијата на министерката за енергетика Сања Божиновска за бугарска самосвест поделена во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот министер за внатрешни работи и пратеник од СДСМ, Оливер Спасовски денеска во Собранието на РСМ  подели декларацијата до пратениците, којашто актуелната министерка за енергетика, Сања Божиновска ја има потпишано на 21.10.2004 година, а со која изјавува дека има бугарска самосвест. Претходно бугарската новинска агенција БГНЕС ја објави декларацијата на којашто се гледа потписот на министерката. Спасовски на премиерот Мицкоски му го постави прашањето за Божиновска, која своерачно потпишала... Читать дальше...

Премиерот во одбрана на директорот на АНБ, достави лажни сертификати од директори на СДСМ

SlobodnaEvropa.mk 

Прашањето дали директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски има валиден сертификатот по англиски јазик од тема во медиумите се префрли во Собранието. На денешните пратенички прашања пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче го спореше сертификатот по англиски што го приложил Христовски. „Документот што го приложил е од училиште во Пловдив а во таму воопшто нема TOEFL центар за тестирање. Значи за да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и со тоа направил кривично дело. Читать дальше...

Правда изработи нов кривичен законик, го испрати до ЕК

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот Кривбичен законик е готов, информираат од Министерството за правда. Од таму додаваат дека е преведен на англиски и го доставиле на мислење до Европската Комисија, а откако ќе се добие мислење од ЕК, ако нема забелешки Кривичниот законик оди во владина процедура по што се проследува до Собранието. Ова доаѓа само еден ден после објавувањето на Извештајот за напредокот на земјава во 2024 година. Во него во делот за Поглавјето 23 – судство и основни права, ЕК оценува дека измените на Кривичниот... Читать дальше...

Кој е новиот сопственик на „ФК Вардар“?

SlobodnaEvropa.mk 

Турчинот Атила Бијен Јалили, име непознато за фудбалската светска јавност, стана нов доминантен сопственик на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Претставен е како бизнисмен од Унгарија и менаџер на тамошната фирма за производство на електрична енергија „Сол Сервисес“, компанија која е во сопственост на турскиот “Полат холдинг“. Поврзаноста на фирмите на „Полат холдинг“ упатуваат на тоа дека вистински сопственик е 71 годишниот турски милијардер Аднан Полат, поранешен претседател на „ФК Галатасарај“. Читать дальше...

ОН: Шеснаесет региони во светот се соочуваат со критично ниво на глад

SlobodnaEvropa.mk 

Агенциите на ОН специјализирани за пружање помош во храна - Светска програма за храна, денеска (31 октомври) издаде предупредување за опасни нивоа на глад кои се закануваат на 16 критични региони низ светот во наредните месеци. Конфликтот предизвикува најголем дел од акутната несигурност за обезбедување храна во сите оние области анализирани од Организацијата за храна и земјоделство и Светската програма за храна Како што пренесува „Гардијан“, меѓу најзагрозените региони се палестинските територии... Читать дальше...

Претставник на Хамас вели дека бараат траен прекин на огнот, а не привремено примирје

SlobodnaEvropa.mk 

Палестински Хамас отфрла каков било предлог за привремен прекин на огнот во Газа, изјави висок претставник на оваа организација, која САД и Европската Унија ја прогласија за терористичка организација. „Идејата за привремена пауза во војната, со цел подоцна да продолжи агресијата, е нешто за што веќе го изразивме нашиот став. Хамас поддржува траен прекин на војната, а не привремен“, изјави висок функционер на организацијата, Тахер ал-Нуну, за новинската агенција АФП. Се очекува посредниците да... Читать дальше...

Што ни покажаа Молдавија и Грузија за отпорот против руското влијание?

SlobodnaEvropa.mk 

Резултатите од изборите во Молдавија и Грузија ги истакнуваат различните начини на кои нивните влади и граѓанското општество се спротиставија на руското мешање и другите криминални елементи во клучните моменти за двете земји. Гласовите од претседателските избори и референдумот за уставот на ЕУ во Молдавија и парламентарните избори во Грузија го истакнаа потенцијалот за драматично пренасочување на геополитичката ориентација на двете поранешни советски републики или за зацврстување на нивните сегашни позиции... Читать дальше...

Гаши: Потребни се политичка волја и договор за да почнат уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието во однос на процедурата е подготвено во секое време да ги отпочне уставните измени, но за да се отпочне тој процес треба политичка волја и договор за да имаме јасна перцепција, за да не почнеме нешто што нема да успее, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите. „Во однос на Собранието, службите и процедурата ние сме подготвени. Се надеваме дека што побргу ќе дојдеме до тој политички договор за да се отпочне тој процес. Јас би сакал тоа да биде што... Читать дальше...

Грузиската полиција уапси две лица, обвинети за полнење гласачки кутии

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата уапси две лица обвинети за полнење на гласачки кутии за време на изборите на 26 октомври, соопшти на 31 октомври грузиското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека е отворена истрага за фалсификување изборни документи поради обвинувањата за широко распространети нерегуларности за време на гласањето. Еден од двајцата осомничени е заменик-претседател на градскиот совет на Марнеули, град во јужна Грузија каде што беа пријавени неправилности на избирачко место за време на гласањето... Читать дальше...

Ќе може ли ПИОМ да го издржи зголемувањето на пензиите?

SlobodnaEvropa.mk 

Со зголемувањето на пензиите во октомври, дупката во ПИОМ порасна за сто милиони евра, пари кои дојдоа од државната каса. За новото зголемување догодина ќе бидат потребни плус 130 милиони евра од буџетот. ПИОМ без парите од државниот буџет, не може да излезе од „магичниот круг“ со кој се продлабочува „дупката“.

Белгија отфрли 96 отсто од барањата за азил

SlobodnaEvropa.mk 

Белгија отфрла 96 проценти од поднесените барања за азил откако во февруари беше воведена забрзана постапка за оценување на документите, јавуваат локалните медиуми. Промените овозможуваат властите брзо да ги разгледуваат барањата за кои нема основа за подетално оценување. Се наведува дека ваквиот пристап е предвиден и во новите европски правила за миграција. Промените кои допрва треба да се имплементираат предвидуваат забрзано разгледување на барањата поднесени од државјани на „безбедни земји“ каде нивниот живот не е загрозен. Читать дальше...

МОН: Новиот предлог-закон за учебници е подготвен, отворени сме за сугестии

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование и дека е  поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување ќе биде заменет актуелниот закон од 2008 година.  „Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во предлог-законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи... Читать дальше...

Претседателот на РСЕ побара итно ослободување на азербејџанскиот новинар Мехрализада

SlobodnaEvropa.mk 

Азербејџанскиот новинар и економист Фарид Мехрализада, кој е поврзан со РСЕ, го одбележа петтиот месец во притвор под обвинение за кое тој и неговите поддржувачи велат дека се измислени. Мехрализада првично беше приведен на 1 јуни под обвинение за шверц. Оттогаш, дополнителни обвиненија беа додадени во неговиот случај, вклучително и нелегално претприемништво, шверц на банди, даночно затајување и фалсификување документи. И покрај неговите тврдења за невиност, притворот му беше продолжен на 6 септември до 19 декември. Читать дальше...

Најмалку 19 загинати во израелските напади врз либанскиот град Балбек

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 19 лица, меѓу кои осум жени, загинаа во израелските напади врз либанскиот град Баалбек и неговата околина, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вчерашниот напад се случи откако десетици илјади жители го напуштија северниот либански град како одговор на наредбите за евакуација издадени од израелската армија. Градоначалникот Мустафа ал-Шел изјави за Би-Би-Си дека биле пријавени повеќе од 20 напади во областа Балбек, од кои пет во самиот град, во кој се наоѓа и комплекс на... Читать дальше...

САД го осудија лансирањето на балистичката ракета на Северна Кореја кон Јапонското Море

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја лансираше интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), потврдија денеска (31 октомври) јужнокорејската војска и САД, што предизвика остра критика од обете земји, пренесува ДПА. Северна Кореја ја лансираше ракетата кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на генералштабот во Сеул (ЈЦС). Белата куќа, во изјавата објавена синоќа, го потврди лансирањето и истакна дека „силно го осудува“ тестирањето на „интерконтиненталната... Читать дальше...