ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 26.10.2024

Комисијата за помилување си поднесе колективна оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Професорот на Правниот факултет и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев на својот Фејсбук профил објави дека комисијата си поднесува колективна оставка. Оваа комисија е дел од телата на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.  Претходно беше објавено дека Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, помилува десет осуденици по повод Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Читать дальше...

Поголема излезност на изборите во Грузија

SlobodnaEvropa.mk 

Гласачите се собраа на гласачките места во Грузија на 26 октомври за да го дадат својот глас на парламентарните избори кои се сметаат за клучни за идната насока на кавкаската земја или кон Европската унија или кон Русија. На изборите се соочуваат владејачката партија Грузиски сон, која е на власт од 2012 година, против поделената опозиција која се залага за интеграција со Западот. Напладне, излезноста беше повеќе од 22 отсто, соопшти Централната изборна комисија, што е повеќе отколку на претходните два циклуси избори во 2020 и 2016 година... Читать дальше...

Мицкоски спорните помилувања ги препиша на СДСМ, за нив тоа е комично

SlobodnaEvropa.mk 

Случајот со помилувањата дадени по повод 23 Октомври, кој предизвика превирања во јавноста, е оставен од претходната Влада кој имал токму за цел да имплодира во овој период, смета премиерот Христијан Мицкоски. За едно од лицата кое беше повторно приведено, вели, дека треба да се остави на правосудните органи да си ја завршат работата. „Тој случај е од минатото, од претходната Влада, снесен како кукавичко јајце, коешто треба да имплодира во овој период. Нема да одам чекор понатаму да коментирам и да прејудицирам судски одлуки. Читать дальше...

Вооружени напаѓачи убиле 10 полицајци во напад во јужен Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Во напад на полициска патрола во југоисточен Иран загинаа 10 полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Нападот се случи во Гохар Кух, во провинцијата Систан-Балучистан, на околу 1.200 километри југоисточно од главниот град Техеран. Ниту една група досега не ја презеде одговорноста. Новинската агенција Тасним, која е поврзана со иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда, објави напад на „две полициски патроли кои се враќале во нивната полициска станица“. Министерот за... Читать дальше...

Американски официјални лица велат дека Русија стои зад лажното видео за уништување на гласови за Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Американските власти соопштија дека руски актери стојат зад лажното видео распространето на социјалните мрежи што наводно го прикажува уништувањето на гласовите по пошта дадени за републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп во сојузната држава Пенсилванија пред претседателските избори на 5 ноември. Видеото, кое имаше милиони прегледи на платформи како што е X, откако се појави на социјалните мрежи на 24 октомври, прикажува човек како пребарува низ гласачките ливчиња од округот... Читать дальше...

Жител на Мала Речица се снимал со бомби - кашикари, па бил уапсен

SlobodnaEvropa.mk 

Тетовското обвинителство отвори истрага за  жител на Мала Речица кој имал бомби - кашикари. Во соопштението кое го испрати обвинителството се вели дека неовластено држел експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. „Две рачни бомби – кашикари ги снимил и фотографирал со својот мобилен телефон, како ги држи во рака. На телефонот имал и означена локација во селото Доброште. Потоа се упатил со автомобил кон локацијата, но на влезот од селото селаните веднаш го забележале како сомнително непознато лице“... Читать дальше...

Гласањето тече „непречено“ на клучните избори за Грузија

SlobodnaEvropa.mk 

Гласачите излегуваат на гласачките места во Грузија на 26 октомври за да го дадат својот глас на парламентарните избори кои се сметаат за клучни за идната насока на кавкаската земја или кон Европската Унија или кон Русија. На изборите се соочуваат владејачката партија Грузиски сон, која е на власт од 2012 година, со поделената опозиција која се залага за интеграција со Западот. Грузиски сон ги прикажа изборите како избор на мир или војна, велејќи дека ако опозицијата победи, тоа ќе ја вовлече Грузија во војна против Русија. Читать дальше...

Осум лица се уапсени за нападот на полициската станица во Босанска Крупа

SlobodnaEvropa.mk 

На подрачјето на Бихаќ и Босанска Крупа, вечерта на 25 октомври беа уапсени осум лица кои се поврзани со терористичкиот напад на малолетници врз полициската станица во Босанска Крупа, во кој загина еден полицаец, а друг беше ранет. Ова за Радио Слободна Европа го потврди Аднан Бегановиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи (МВП) на Унско-санскиот кантон (УСК). Петнаесетгодишно момче упаднало во полициска станица во четвртокот вечерта на 24 октомври и го убило полицаецот Озрен Маран, а го ранил полицаецот Авда Хасановиќ. Читать дальше...

Пред клучните избори, Бугарија ги укинува прифатилиштата за деца бегалци

SlobodnaEvropa.mk 

Планот за сместување на 20 деца бегалци без родители во Софија е отфрлен откако претставници на екстремната десница го претворија во предизборно прашање пред парламентарните избори овој викенд

Израел изведе воздушни напади врз Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Рано наутро во саботата, на 26 октомври, израелската армија изврши три серии „прецизни напади врз воени цели во Иран“, додека серија експлозии се слушнаа над Техеран. „Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата Израел“, соопшти израелската армија. „Режимот во Иран и неговите приврзаници во регионот безмилосно го напаѓаат Израел од 7 октомври на седум фронта вклучително и директни напади од иранската почва. Како и секоја друга суверена држава во светот, државата Израел има право и должност да одговори. Читать дальше...