Четворица работници загинале во првата половина од 2024 година, додека 1.130 се повредиле за време на работа, покажуваат бројките на Државниот инспекторат за труд. За невладиниот сектор, податоците на државните институции се нецелносни и не ја одразуваат реалната состојба.
Од кругот на Охис треба да се исчистат уште околу два базени со линдан и околната контаминирана почва само од малата депонија. Но, потребната сума двојно порасна и властите очекуваат пари преку „други извори на финансирање“. За големата депонија и месноста Пеленица не се знае ни кога може да почне чистењето. Овој опасен отпад со децении ја загадува почвата, а преку подземните води го контаминираше и зеленчукот што го одгледува околното население.
Остануваат само неколку недели до претседателските избори во САД на 5 ноември. Потпретседателката Камала Харис се кандидира против поранешниот претседател Доналд Трамп во тесна трка во која учествуваат двајца кандидати со многу различни карактери и кариери. Кои се некои од прашањата и карактеристиките на личноста кои би можеле да ја поколебаат малата, но критична маса гласачи?