„Мислам дека Иранците (во случај на израелски напади), откако видоа дека нивните два ракетни напади врз Израел навистина немаа многу ефект, ќе бараат други цели“, вели во интервју за РСЕ Грегори Гауз, професор на школата Буш за влада и јавна администрација од Универзитетот АиМ во Тексас.
ДУИ очекува да растат тензиите откако е укинат балансерот за етнички вработувања. Екс министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто за РСЕ вели дека се уште траат разговорите за кога да почнат протестите кои подолго време ги најавуваат. Законот за правична застапеност ќе го поддржат само ако ги гарантира правата на сите заедници.
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши во неделното интервју за РСЕ ја повика министерката за енергетика Божиновска наместо да потпишува договор за руски гас, да обезбеди количини од Александрополис. За набавката на струја во последните два месеци тврди дека е поскапа дури и од времињата кога имаше енерегетска криза.