ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 24.10.2024

Група влади и меѓународни организации собраа милијарда долари за помош на Либан

SlobodnaEvropa.mk 

Група влади и меѓународни организации од целиот свет собраа милијарда долари за помош во хуманитарната криза во Либан, додека американскиот државен секретар Антони Блинкен ја продолжи својата турнеја на Блискиот Исток, велејќи дека Вашингтон е отворен за „различни опции“ за ставање крај на војната во Појасот Газа која се прелеа во соседен Либан. Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, рече дека на конференцијата во Париз на 24 октомври се собрани 800 милиони долари за помош на... Читать дальше...

Европскиот парламент ја осуди „репресијата“ на Азербејџан врз активисти, новинари и опозициски лидери

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент(ЕП) го осуди, како што го нарече, кршењето на човековите права и меѓународното право од страна на Азербејџан, велејќи дека Европа треба да ја прекине зависноста од гасот од оваа кавкаска држава. Во строго формулирана резолуција, 453 европратеници на 24 октомври гласаа за изјава со која се осудува „репресијата“ на Азербејџан врз активисти, новинари и опозициски лидери дома и во странство, која „забележително се засили“ пред Баку да биде домаќин на 29 Самит за климатски промени (COP29) наОбединетите нации, следниот месец. Читать дальше...

Сиљановска Давкова: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми

SlobodnaEvropa.mk 

Македонските институции во повеќе области се подготвени за забрзана интеграција и вклучување во повеќе иницијативи и мрежи на Европската унија (ЕУ), очекувањето е дека процесот на интеграција ќе се спроведе врз основа на принципот на заслуги и Копенхагенските критериуми. Ова е ставот што ѝ го пренела македонската претседателка  Гордана Сиљановска Давкова на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на средбата во Скопје на 24 октомври, соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова.... Читать дальше...

Прорускиот претседателски кандидат на Молдавија го брани својот романски пасош

SlobodnaEvropa.mk 

Александр Стојаногло, кандидат за претседател на Молдавија кој ќе се соочи со проевропската актуелна претседателка Маја Санду во вториот круг од претседателските избори на почетокот на следниот месец, го бранеше стекнувањето романско државјанство и ги критикуваше медиумските извештаи дека неговите ќерки работат во Западна Европа. Санду победи во првиот круг претседателски избори во Молдавија на 20 октомври со освоени 42,49 отсто од гласовите, додека социјалистот Стојаногло, поранешен државен обвинител... Читать дальше...

Апсења во БиХ и во Хрватска за криумчарење најмалку 159 мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата на Босна и Херцеговина и Хрватска уапси 16 лица за криумчарење на најмалку 159 мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска преку реката Сава, соопшти европската полициска агенција Европол на 24 октомври. Според Европол, разбиената група е одговорна за криумчарење мигранти „под животно опасни околности“. „Користејќи преполни чамци, лицата осомничени за криумчарење доброволно ги загрозувале животите и безбедноста на мигрантите. По преминувањето на реката, мигрантите тајно биле превезувани со разни видови возила... Читать дальше...

Полицијата приведе еден од помилуваните од претседателката Сиљановска Давкова

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата го приведе А.Р.(29) од скопското село Арачиново, кој е еден од осудениците на кои со одлука на македонската претседателка извршувањето на изречената казна затвор му беше заменето со условна осуда, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР) и од Јавното обвинителство(ЈО). Причина за приведувањето е тоа што за истото лице е поведена истрага за обид за убиство. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, помилува десет осуденици по повод Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Читать дальше...

Градоначалниците на Струмица и на Карпош најавија дека ќе излезат од ЗЕЛС, за Перински и Ѓорѓиевски таков потег не е решение

SlobodnaEvropa.mk 

Секоја најава за нарушување на единството на Заедницата на единици на локална самоуправа(ЗЕЛС) му штети и на ЗЕЛС и на сите општини, изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, откако градоначалниците на општините Струмица и Карпош најавија дека ќе го напуштат ЗЕЛС поради проблеми со министри од Владата. „ ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така. Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС... Читать дальше...

Фон дер Лајен: Речиси сте до отворање на првиот кластер, но прво уставни измени

SlobodnaEvropa.mk 

Првата рата од 52 милиони евра до крајот на годината ќе легнат на македонската сметка од Планот за раст, е веста што ја донесе претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен во Скопје. Но, не одговори дали за Брисел е прифатлив предлогот на македонската власт за одложено дејство на уставните измени, туку само дека европска помош ќе има во спроведување на преземената обврска за уставни измени.

ЕУ ќе подржи проекти во обновлива енергија и коридорите 8 и 10, изјави Фон дер Лајен во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

„Сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот, за да стигнеме до заедничката цел. Може да сметате на нас. И мене ми е навистина важно, да не се вртиме наназад, туку да гледаме кон иднината. Сакаме да го пишуваме заедно наредното поглавје од нашата заедничка иднина“ , рече претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во Скопје.

Српската полиција ја укина одлуката за протерување на рускиот државјанин Бобришев

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи на Србија ја укина одлуката според која на рускиот државјанин и антивоен активист Антон Бобришев му беше наредено да ја напушти Србија, јавува Гласот на Америка. Ваквата одлука на Министерството за внатрешни работи (МВП) е донесена на 23 октомври, по претставка на адвокатот Антон Бобришев. Постапката пред институциите продолжува, бидејќи Бобришев се жалел и на второто решение, според кое му бил одбиен привремен престој во Србија. Руското демократско општество... Читать дальше...

Франција ќе му даде на Либан помош од 100 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Франција ќе обезбеди пакет помош од 100 милиони евра за поддршка на Либан, рече претседателот Емануел Макрон во четврток (24 октомври) на меѓународната конференција во Париз. Макрон рече дека „масовната помош е потребна што е можно поскоро за либанското население и за стотиците илјади луѓе раселени за време на војната, како и за заедниците што ги прифаќаат бегалците“. Франција е домаќин на меѓународната конференција за Либан за да се подигне воена и хуманитарна помош за земјата, каде што во војната... Читать дальше...

Ученик застрелал друг ученик пред училиште во Сараево

SlobodnaEvropa.mk 

Утрото на 24 октомври неименуван ученик застрелал друг ученик во училишниот двор во Сараево, соопшти полицијата. Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопшти дека полицијата во осум часот утрото била известена за „инцидент“ пред Средното металуршко училиште, во кој е повреден еден ученик. „Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник повредил во потколеницата“, соопшти Министерството за внатрепни работи на кантонот Сараево. Читать дальше...

Преговарачите на Србија и Косово во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) Мирослав Лајчак ќе се обиде да организира нова рунда дијалог меѓу Србија и Косово на ниво на главните преговарачи. Петар Петковиќ од Белград и Бесник Бислими од Приштина се во европската престолнина и ќе имаат одвоени разговори со европскиот пратеник за дијалог, додека се уште не е сигурно дали ќе се сретнат заедно. Според агендата, најпрво ќе се одржат одвоени средби со делегациите, а српската делегација прво ќе разговара со европската страна. Читать дальше...

Од 24 октомври поевтини катастарски услуги за граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека од денеска стапуваат во сила новите намалени цени за голем дел од нејзините услуги. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75 отсто. Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5000 денари. Со новите промени, таа услуга ќе чини само 1250 денари, без разлика на бројот на имотни листови... Читать дальше...

Состанок на Комисијата за историски и образовни прашања меѓу македонските и бугарските историчари

SlobodnaEvropa.mk 

По подолг период, новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, денеска (24 октомври) одржува прва средба со нивните колеги од бугарска страна. Последната средба на мешовитата комисија за историски прашања беше одржана на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец... Читать дальше...

Со какви пораки доаѓа Фон Дер Лајен во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Уставните измени, Планот за раст и поентите од европскиот Извештај за напредокот на земјава се очекува да бидат главните теми за разговор на претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен во Скопје. Политичките аналитичари очекуваат „демистификување„ во врска со пристапните преговори.

Најмалку 11 повредени во експлозија на преполн пазар во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 11 лица се повредени вчера (23 октомври), меѓу кои и деца во експлозија што се случи на преполн пазар во Кабул, главниот град на Авганистан, соопшти меѓународна невладина организација. Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, а никој од талибанските власти не бил достапен за коментар. Експлозијата се случила на пазар каде што се продава половна облека во градската општина Памир Синема, објави организацијата за итни случаи, која управува со хируршката болница во Кабул. ... Читать дальше...

Холандија воведува построги мерки за азилот и контроли на границите

SlobodnaEvropa.mk 

Холандија почнува да ги заострува законите за азил и планира во ноември да воведе гранични контроли, но нема да прогласи вонредна состојба за која се залага десничарскиот лидер Герт Вилдерс. Вилдерс, чија партија освои најмногу гласови на изборите во ноември 2023 година, својот поостар став го објави вчера преку соопштение на мрежата X. „Нема да има вонредна состојба, но веднаш ќе има построги мерки. Навистина сум среќен поради тоа“, објави Вилдерс на X. Коалициските партнери со месеци дебатираат... Читать дальше...

Фон дер Лајен во посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска (24 октомври) ќе престојува во Скопје.  Според најавите, за време на посетата на земјава Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.  Во пресрет на посетата на Фин дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора... Читать дальше...