Парите од кредит наменети за бизнисот, од Министерството за финансии ќе се префрлат на Развојната банка од каде преку комерцијалните банки парите ќе завршат кај компаниите. Но, кој ќе биде ќарот на комерцијалните банки допрва ќе се знае, како и официјалните критериуми по кои ќе се бираат компаниите.
Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија се случува во време на зовриена атмосфера меѓу власта и опозицијата за европскиот пат на земјата. Според експертите, покрај Планот за раст на ЕУ, неизбежно ќе биде и прашањето за уставните измени.