ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 27.10.2024

Поранешниот премиер Борисов води на изборите во Бугарија, покажуваат првичните податоци

SlobodnaEvropa.mk 

Експремиерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, води на парламентарните избори во Бугарија, објави бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). Сепак, партијата предводена од Борисов веројатно нема да добие доволно пратенички места за самостојно да формира влада, па тој ќе мора да коалицира. Се очекува ГЕРБ да освои околу 27 отсто од гласовите, додека останатите партии имаат помалку од 15 отсто поддршка, покажуваат првите резултати од излезните анкети. ГЕРБ објави дека Бојко Борисов ќе биде нивниот... Читать дальше...

Грузиската претседателка нема да ги признае резултатите од гласањето, повикува на протести

SlobodnaEvropa.mk 

Прозападната грузиска претседателка Саломе Зурабишвили, која се скара со владејачката партија Грузиски сон, рече дека нема да ги признае резултатите од парламентарните избори одржани на 26 октомври и рече дека земјата била жртва на „руска специјална операција“. Зурабишвили не презентираше никаков доказ за да го поткрепи нејзиното тврдење во кратката изјава за медиумите во Тбилиси на 27 октомври. „Како единствена преостаната независна институција во оваа држава, сакам да кажам дека не ги признавам овие избори. Читать дальше...

Советот за безбедност на ОН свика итна седница на барање на Техеран

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбедност на ОН се согласи да одржи итна седница на барање на Техеран по ракетниот напад на Израел против Иран во раните утрински часови на 26 октомври. Швајцарската мисија, која претседава со Советот, соопшти дека состанокот ќе се одржи на 28 октомври на барање на Техеран и со поддршка на Русија, Кина и Алжир. Претходно на 27 октомври Техеран побара од Советот да свика вонредна седница за да се осуди Израел по воздушните напади, кои дојдоа како одмазда за иранските ракетни напади претходно овој месец. Читать дальше...

Поранешниот претседател на Боливија Моралес тврди дека имало обид за атентат врз него

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес изјави дека имало обид за атентат врз него, откако, како што вели, неидентификувани напаѓачи отвориле оган врз неговиот автомобил. Моралес не е повреден, но официјална потврда од властите дека нападот се случил се уште не е пристигната, јавува агенцијата АП на 27 октомври. Моралес рече дека пукањето се случило додека тој бил на пат низ Чапаре, рурална област во Боливија позната по одгледувањето кока, која се смета за база на Моралес. Жителите... Читать дальше...

Али Ахмети со писма до меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, испратил писма до претседателот и премиерот на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и државниот секретар на САД Ентони Блинкен. Во овие писма, како што соопшти ДУИ, Ахмети ја изразува својата длабока загриженост за најновите политички... Читать дальше...

Власта смета дека е погрешно Струмица да излезе од ЗЕЛС

SlobodnaEvropa.mk 

Oдлуката на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов да го напушти ЗЕЛС е погрешна и тоа е негова одлука, а не на општината. „Не верувам дека Струмица најави најави напушување на ЗЕЛС, најави градоначалникот на Струмица. По мене, тоа ќе биде погрешна одлука, но тоа е негова одлука, иако мислам дека таа е донесена во една поспецифична состојба и мислам дека е потребно најпрво да се консултира со Советот, а ако и Советот така неодговорно се однесува кон струмичани, тогаш нека им е со среќа... Читать дальше...

Грција будно ја следи состојбата на балканската рута за бегалци

SlobodnaEvropa.mk 

Ситуацијата со бегалците и мигрантите на балканската рута е стабилна и за разлика од пристигнувањата по морски пат, не се забележуваат зголемувања, брифираат високи извори од Министерството за миграција и азил на Грција, но посочуваат дека состојбата се следи и од безбедносни причини поради опасноста меѓу бегалците од јужен Либан да има борци од Хамас или Хезболах, јави дописничката на МИА од Атина. Вниманието на Грција е насочено кон морските граници и пристигнувањата на бегалци и мигранти по морски пат до островите... Читать дальше...

Општините потпишаа договори за парите од унгарскиот кредит, четири извисија

SlobodnaEvropa.mk 

Општините кои поминаа на огласот за доделување на државна помош за капитални инвестиции од парите од унгарскиот кредит денеска ги потпишаа договорите. Вкупно се потпишани 274 проекти за вкупно 4,1 милијарда денари. Договорите се однесуваат за реализација на проекти во делот на образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот, животната средина и во спортот.  „Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа, денеска вклучуваме договори за 274 проекти... Читать дальше...

ЕУЛЕКС бара итна истрага за обвинувањата за тепање жители на Северна Митровица

SlobodnaEvropa.mk 

Мисијата на Европската унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС) побара надлежните органи итно и ефективно да ги истражат сите наводи за малтретирање на Милош Суботиќ од Северна Митровица од страна на поединечни полицајци. Оваа мисија во својот одговор за Радио Слободна Европа ја поздрави одлуката на косовската полиција случајот да го пријави во Полицискиот инспекторат кој ќе ги собере сите информации и ќе го истражи. „Во тој контекст и во согласност со мандатот на ЕУЛЕКС, нашата улога е да ги следиме... Читать дальше...

Мицкоски задоволен од оставката на комисијата за помилување, СДСМ бара поширока одговорност

SlobodnaEvropa.mk 

Жив човек кој работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно, е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски за колективната оставка што вчера ја поднесоа членовите на Комисијата за помилување по реакциите во јавноста за последното помилување по повод празникот 23 Октомври. „Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаа како морален чин е да се повлечат и тие тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста... Читать дальше...

Израел подготвува нови напади на југот на Либан, повик за евакуација на 14 села

SlobodnaEvropa.mk 

Израелската армија им нареди на жителите на 14 села во јужен Либан „веднаш“ да се евакуираат поради „своја безбедност“. Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа неколку наредби за евакуација за време на воздушната и копнената офанзива чија цел беше уништување на инфраструктурата на Хезболах, милитантната група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан. Во последното предупредување, портпаролот на ИД Авичај Адраи, кој објавува израелски соопштенија на арапски, рече дека жителите... Читать дальше...

Камион удри во автобуска станица во Израел, десетици повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици луѓе се повредени кога камион удри во автобуска станица во централен Израел, соопштија израелските спасувачи. Портпаролот на израелските полициски сили изјави дека прелиминарната истрага покажала дека камионот удрил во автобуска станица каде што чекале патници и се судрил со автобус во близина. Возачот бил застрелан и „неутрализиран“, соопшти полицијата. Околностите на несреќата се уште се истражуваат, но според информации од полицијата се работи за намерен напад. Израелската служба... Читать дальше...

Бројот на судии се намалува, но е близу до европскиот просек

SlobodnaEvropa.mk 

Нешто повеќе од 1 500 денари или 24,6 евра државата троши по глава на жител за правосудството, што е далеку под европскиот просек од 74,9 евра. Но, гледано како процент од БДП, судскиот буџет е значително над европскиот просек.  Ова го покажува најновиот Извештајот за ефикасност и квалитет на правдата во Европа на Европската комисија за ефикасност на правдата на Советот на Европа (CEPEJ) којшто содржи податоци за 2022. Во извештајот се наведува дека државата одвојува 0,39 проценти од БДП за судството, додека европскиот просек е 0,28. Читать дальше...

Мишел Обама ја поддржа Камала Харис, Трамп побара поддршка од муслиманите

SlobodnaEvropa.mk 

Републиканецот Доналд Трамп побара поддршка од муслиманските гласачи во Мичиген, додека Мишел Обама изрази поддршка за Камала Харис на митинг на демократите во оваа држава, еден од оние што ќе одлучуваат за претседателските избори во САД на 5 ноември. Харис и Трамп се борат во Мичиген за гласачи кои вклучуваат арапско-американско и муслиманско население загрижени за израелското бомбардирање на Газа, објави Ројтерс. Трамп на митингот во Детроит рече дека штотуку се сретнал со група локални имами... Читать дальше...

Иранските власти ќе одредат како да му одговорат на Израел, вели врховниот лидер

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти треба да одредат како најдобро да му ја покажат моќта на Иран на Израел по израелскиот напад врз Иран пред две ноќи, иранската официјална новинска агенција ИРНА го цитираше во неделата врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи. На 26 октомври, иранското Министерство за надворешни работи рече дека израелските напади врз „неколку воени центри“ во земјата се „флагрантно кршење“ на меѓународното право и рече дека Иран има право да се брани „од агресија“. Израелската војска... Читать дальше...

Бугарите гласаат со мали надежи за надминување на ќор-сокакот

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарите денеска (27 октомври) се упатија кон гласачките места за седмите парламентарни избори во последните четири години, во услови на слаби надежи за ставање крај на политичкиот ќор-сокак во најсиромашната држава во Европската Унија. Гласањето, кое започна во 7 часот по локално време и ќе заврши во 20 часот. Пред гласањето, анкетата на Галуп интернешнал Балкан објавена од Бугарското национално радио сугерираше дека ниту една партија не е подготвена да освои парламентарно мнозинство. Се очекува... Читать дальше...

Мицкоски: Подготвен сум за компромис, но да не се сопнеме на нови пречки кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски чека одговор од Брисел како би течеле преговорите со ЕУ ако се донесат измени на Уставот. Во интервју за РСЕ вели дека нема руско влијание во земјата, но смета дека евроскептицизам поттикнуваат дел од бугарските политичари. „Логично е да работам со луѓе во кои имам доверба“, вели Мицкоски за новиот директор на АНБ и најавува огромен скандал со прислушување.

Мицкоски: Ултиматумот не е решение

SlobodnaEvropa.mk 

„Јас сум соговорник кој е подготвен на компромис, но доколку тој значи испорака, односно крај, во нашиот случај полноправно членство во ЕУ“, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за РСЕ. За реформи во Судскиот совет почнува консултации со меѓународни експерти. По изборите во САД не очекува драматични промени за Балканот.