ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 25.10.2024

Блинкен предупредува на „вистинска итност“ за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди на итна потреба да се постигне дипломатска резолуција за војната во Газа и Либан, откако Агенцијата за бегалци на Обединатите Нации изрази загриженост поради израелските воздушни напади, велејќи дека тие ги загрозуваат оние што бегаат од војната. Зборувајќи пред состанокот во Лондон со арапските лидери на 25 октомври, Блинкен ја истакна потребата да се стави крај на конфликтот во денот кога при израелските напади загинаа 38 луѓе во Газа и тројца новинари во Либан. Читать дальше...

Агенција за храна донесе решение за забрана на увоз на пилешко од Бугарија, Полска, Унгарија и Бразил

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската Агенција за храна и ветеринарство донела решенија со кои се забранува увоз и транзит на живи животни и прехранбени производи од живина од неколку земји меѓу кои и соседна Бугарија. Решенијата се донесени на 21 октомври, а објавени во Службениот весник на 25 октомври. Две решенија се однесуваат на забрана за увоз и транзит на живи животни, месо и мелено пилешко месо кое потекнува од Бугарија и одредени региони од Унгарија со цел заштита од птичји грип. Птичјиот грип може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија... Читать дальше...

Македонско-бугарската историска комисија нема да ревидира препораки, тврди Димитров

SlobodnaEvropa.mk 

Протоколите од минатите седници и значењето на Охридската архиепископија пред 11-тиот век биле темите за кои се разговарало на вториот ден од седницата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, открива бугарскиот копретседател на комисијата, Ангел Димитров. Тој во изјава за медиумите вели дека денеска започнале со поконкретна работа. „Почнавме едни многу долго водени разговори досега околу претставувањето на Охридската архиепископија во текот на 11 век. Читать дальше...

Холандија ќе ги ограничи дозволите за азил во обид да ја спречи миграцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Холандија ќе ги ограничи дозволите за барателите на азил на максимум три години и ќе воведе гранични контроли од следниот месец, како дел од поширокото ограничување на миграцијата за азил, изјави на 25 октомври холандскиот премиер Дик Шуф. Мерката е дел од пакетот мерки насочени кон спречување на миграцијата за азил, цел на новата десничарска влада. Освен што ќе ги укине отворените дозволи за престој откако некој ќе биде регистриран како барател на азил, владата ќе ги укине и повластените станови... Читать дальше...

Тинејџерот кој уби полицаец во БиХ извршил терористички чин

SlobodnaEvropa.mk 

Тинејџер со нож уби полицаец и рани друг полицаец во град во западниот дел на Босна и Херцеговина е терористички чин, соопшти на 25 октомври Министерството за внатрешни работи на земјата. И двајцата полицајци биле на должност кога се случил нападот.  Нападот на 24 октомври го извршил 14-годишно момче во близина на полициската станица во Босанска Крупа. Ранетиот полицаец е хоспитализиран и е во во стабилна состојба, соопштија властите. „Немаше никакви закани упатени до локалната полиција во Уна-Сана... Читать дальше...

Тропската бура Дана донесе ризик од поплави во Индија

SlobodnaEvropa.mk 

Тропската бура Дана донесе силни ветрови и обилни дождови на источниот брег на Индија во петокот, корнејќи дрвја и зголемувајќи го ризикот од поплави откако речиси 600.000 луѓе беа евакуирани. Невремето пристигна во четвртокот навечер во државата Одиша со максимални постојани ветрови од околу 110 километри на час,  велат од Индискиот метеоролошки оддел. Невремето погоди некои области во Одиша и соседната држава Западен Бенгал со обилни врнежи од дожд, објавија локалните медиуми. Речиси 600.000... Читать дальше...

Молдавската полиција обвини проруски олигарх за купување гласови

SlobodnaEvropa.mk 

Молдавската полиција го обвини осудениот избеган олигарх Илан Шор дека префрлил 39 милиони долари на банкарски сметки на илјадници Молдавци во последните два месеци за наводно купување гласови за прорускиот табор на минатонеделниот референдум и првиот круг од претседателските избори. „Инспекторите рекоа дека откриле околу еден милион банкарски плаќања кои отишле на лични сметки на молдавски граѓани преку руската банка Promsvyazbank (PSB) во септември и октомври“, изјави началникот на молдавската... Читать дальше...

Муртезани ќе дели црвени, жолти и зелени картони на министрите за спроведените реформи

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, купил картони во црвена, жолта и зелена боја и ќе им ги дели на неговите колеги во Владата. Каква боја ќе добива секој министер ќе зависи дали ги доцнат, имаат проблеми или ги спроведуваат реформите утврдени со реформската агенда. Реформската агенда е дел од Планот за раст на Западен Балкан што го подготви Европската комисија (ЕК). Секоја земја имаше задача да подготви план за реформи до 2027 година, кои доколку ги спроведе за возврат од Брисел етапно ќе добива пари - дел во форма на заеми... Читать дальше...

Владата промовира инвестициски бум, но, не кажува со колкава државна помош

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку фирми се во планот на Владата да добијат државна помош. Некои веќе се промовирани во јавност како битни инвестиции, но најчесто не се кажува дека ќе добијат државна помош и колкава ќе биде. Дел се со странски капитал кои веќе работат тука, дел се ново регистрирани.

Шест нови авионски дестинации од Скопје и Охрид следната година

SlobodnaEvropa.mk 

Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година, најави министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија.  Како што информираше министерот Николоски, четири нови авионски линии се однесуваат на скопскиот аеродром, каде два пати неделно ќе се лета на релација Скопје-Дубаи-Скопје (од 30 март), исто како и Скопје-Барселона-Скопје (од 30 јуни), додека, по три пати... Читать дальше...

Најмалку 20 загинати во два израелски воздушни напади во Појасот Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти дека израелските воздушни напади погодиле две куќи во петок (24 октомври) во Кан Јунис, јужниот главен град на територијата, при што загинале најмалку 20 луѓе, пишува АФП. Четиринаесет лица загинаа во нападот што го погоди домот на семејството Ал-Фара, а уште шест загинаа во одделен воздушен напад, изјави портпаролот на агенцијата Махмуд Басал. Лекарите од медицинскиот комплекс Насер ги потврдија жртвите во куќата Ал-Фара и ги објавија имињата на загинатите. Читать дальше...

Да го погледнеме туризмот со очите на странците

SlobodnaEvropa.mk 

Во Северна Македонија има што да се види, сметаат и странските туристи и туристичките водичи. Статистиката покажува дека бројот на туристи расте, но како може позитивниот тренд да продолжи?

Дурмиши: Ќе донесеме поригорозни мерки ако следниот месец драстично се зголемат цените

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија Бесар Дурмиши уверува дека есенската кошничка има ефект и дека цените на производите се намалени за пет до десет отсто. Сепак истакнува дека мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, ќе бидат преземени поригорозни мерки. Од 24 септември, Владата донесе мерка за намалување до 10 отсто на маржата на основните прехранбени производи. Станува збор за 73 производи, со што цените треба да бидат пониски за десет проценти. Владата ги задолжи... Читать дальше...

Сè што треба да знаете за клучните избори во Грузија

SlobodnaEvropa.mk 

Грузиските гласачи ќе излезат да гласаат на парламентарните избори на 26 октомври, избори кои сите страни ги гледаат како крстопат во модерната историја на земјата. Тензиите се високи пред гласањето и без доверливи анкети. А резултатите од изборите, може само да се нагаѓаат. Владејачката партија Грузиски сон е на власт од 2012 година и бара уште еден четиригодишен мандат. Таа ги претстави изборите како избор помеѓу мир или војна. Во пораките на кампањата на партијата доминираше аргументот дека ако опозицијата дојде на власт... Читать дальше...

Желби и парадокси

SlobodnaEvropa.mk 

Едни реформираат, други се подготвуваат. За од понеделник. Во меѓувреме, живееме со желби и со парадокси... Њузлетер 25.10.2024

Тројца медиумски работници загинале во израелски напад во Либан

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца медиумски работници загинале во израелски воздушен напад врз комплекс во кој се наоѓаат новинари во југоисточниот дел на Либан, објавија либанските државни медиуми, пренесува АП. Локалната новинска станица Ал Џадед објави снимка од местото на настанот, на која се гледаат срушени згради и автомобили на кои е испишано PRESS, покриени со урнатини. Израелската армија не издаде предупредување пред овој напад. Бејрутската телевизија Ал-Мајадин соопшти дека двајца нејзини вработени се меѓу новинарите убиени утрото на 25 октомври. Читать дальше...

Најмалку 10 припадници на безбедносните служби убиени во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 10 припадници на пакистанските безбедносни служби се убиени синоќа во напад на милитанти врз нивен објект во близина на северозападниот град Дера Исмаил Кан, изјавија два полициски извори. Исламистичката милитантна група Техрек-е Талибан Пакистан ја презеде одговорноста за нападот, соопшти организацијата. Тахрек-е-Талибан Пакистан со години извршува напади во Пакистан против владини претставници, настојувајќи да ја собори владата и да воспостави администрација со строг исламски закон.

Канада презема мерки за намалување на имиграцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Канада отиде предалеку во својот одговор на недостигот на работна сила по пандемијата, рече премиерот Џастин Трудо, додека неговата влада најави план за намалување на имиграцијата за да го ублажи притисокот врз домувањето и социјалните услуги. Јавното мислење во земјата, која историски се гордее со својот статус на земја која ги прифаќа новите доселеници, неодамна се сврте против имиграцијата, која ја обвинува за намалување на достапните станови. „Во бурните времиња кога излеговме од пандемијата... Читать дальше...

Еден убиен и еден ранет полицаец во Босанска Крупа, инцидентот окарактеризиран како тероризам

SlobodnaEvropa.mk 

Во Босанска Крупа, на западот на Босна и Херцеговина, во четвртокот доцна вечерта, на 24 октомври, во напад на полициска станица загина полицаец, а друг е ранет, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) во Министерството за внатрешни работи на Унско-Санскиот кантон (УСК). Полицајците биле застрелани од малолетник кој бил лишен од слобода. „Станува збор за кривично дело тероризам“, потврди Аднан Бегановиќ, портпарол на полицијата, во петокот наутро, на 25 октомври, откако, како што рече, завршила истрагата на Кантоналното обвинителство. Читать дальше...