ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 17.10.2024

Бајден за смртта на водачот на Хамас: Oва е добар ден за Израел, САД и светот

SlobodnaEvropa.mk 

Ова е добар ден за Израел, за САД и за светот, стои во изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, по информацијата дека е мртов Јахја Синвар, лидерот на палестинското движење Хамас, поддржано од Иран, а кое САД и Европската унија го прогласија за терористичка организација. „Како лидер на терористичката група Хамас, Синвар беше одговорен за смртта на илјадници Израелци, Палестинци, Американци и граѓани од над 30 земји. Тој беше мозокот на масакрите, силувањата и киднапирањата на 7-ми октомври“... Читать дальше...

Кој е водачот на Хамас, Јахја Синвар?

SlobodnaEvropa.mk 

Јахја Синвар е водач на палестинската терористичка група Хамас, прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија. Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац на 17 октомври објави дека Синвар бил убиен за време на воените операции во Појасот Газа. Синвар (62) е осомничен дека наводно го организирал смртоносниот напад врз Израел на 7 октомври 2023 година. Нападот без преседан ја предизвика израелската војна во палестинската енклава. Синвар стана главен лидер на Хамас по атентатот на Исмаил Ханије... Читать дальше...

Израел потврди дека Синвар, лидерот на Хамас, е убиен во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

„Масовниот убиец Јахја Синвар, кој беше одговорен за масакрот и злосторствата на 7 октомври, беше убиен денеска од војници на Израелските одбранбени сили (ИДФ)“, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац. Израелските власти објавија дека во воена операција во Газа, бил убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за организатор на нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 Израелци, а околу 240 други беа земени како заложници, што предизвика... Читать дальше...

МАНУ: Не се занимаваме со партиски дискусии, има само една Академија

SlobodnaEvropa.mk 

Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност, односно со работи во доменот на Законодавниот дом и на државните институции, се наведува во соопштението од МАНУ во однос на најавите од некои политички партии за основање на академија на етничките Албанци во Македонија. „Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската... Читать дальше...

Заврши сведочењето на малолетникот за масовното убиство во белградски „Рибникар“

SlobodnaEvropa.mk 

Во Специјалниот суд во Белград, денеска (17 октомври) заврши сведочењето на малолетниот К.К. кој изврши масовно убиство на 3 мај 2023 година во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“. Тој беше повикан како сведок во постапката против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ. Како и на претходното рочиште, на 8 октомври, сослушувањето на К.К. беше затворено за јавноста. По судењето, Огњен Божовиќ, застапник на семејствата на оштетените во изјава за новинарите, како што јави Н1... Читать дальше...

Приведени 14 лица за проституција и трговија со дрога во тетовско и во Охрид

SlobodnaEvropa.mk 

Во акција на Обвинителството и полицијата, денеска (17 октомври), приведени се 13 лица, во тетовско и во Охрид, осомничени за посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога. Едно лице е во бегство. „Групата одреден временски период се занимава со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела припадниците на групата ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело“, соопшти Јавното обвинителство. Читать дальше...

Израел проверува извештаи за наводна ликвидација на лидерот на Хамас

SlobodnaEvropa.mk 

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека денеска (17 октомври) ги проверуваат непотврдените извештаи  дека Јахја Синвар, лидерот на Хамас поддржан од Иран, кој е означен како терористичка организација од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, бил убиен за време на воените „операции“. во појасот Газа. „За време на операциите на ИДФ во Газа, беа елиминирани 3 терористи. ИДФ и ИСА (Израелската безбедносна агенција) ја проверуваат можноста дека еден од терористите е Јахја Синвар. Читать дальше...

Нова средба на главните преговарачи на Србија и Косово на 24 октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Главните преговарачи на Србија и Косово следната седмица ќе имаат нова рунда средби во рамки на дијалогот за нормализација на односите, потврди за Радио Слободна Европа извор од Брисел. Специјалниот пратеник за дијалог, Мирослав Лајчак, според овој извор, има намера да организира средба во четврток, на 24 октомври. Планот на европската страна е да се разговара за понатамошни чекори во спроведувањето на договорот за патот кон нормализација на односите, што лидерите го постигнаа во февруари 2023 година во Брисел... Читать дальше...

Во поплавените босански општини ќе се гласа на 20 октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Локалните избори во Фојница, Кисељак, Коњиќ и Крешево ќе се одржат во недела на 20 октомври, соопшти денеска (17 октомври), Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина. Локалните избори, одржани на 6 октомври во Босна и Херцеговина, не се одржаа во овие општини кои на почетокот на октомври беа погодени од поплавите. Одложени избори ќе се одржат на 118 избирачки места. Право на глас имаат 54.379 запишани избирачи. Според податоците на ЦИК, на локалните избори на 6 октомври се верификувани 296 политички субјекти... Читать дальше...

Со раскинување на договорот со САД, Црна Гора ги усогласи ставовите со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Со раскинувањето на договорот со САД за изземање на нивните државјани од надлежноста на Меѓународниот кривичен суд, Црна Гора презеде неопходни процедурни чекори за да осигура целосна соработка со судот и да ги усогласи своите ставови со Европската Унија, потврдија институциите во Брисел за Радио Слободна Европа (РСЕ). „Ова ја доведува Црна Гора во согласност со заедничките ставови на ЕУ за интегритетот на Римскиот статут и водечките принципи на ЕУ за билатерални договори за имунитет, што е извонредна... Читать дальше...

УНДП: Повеќе од милијарда луѓе во светот живеат во акутна сиромаштија

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од милијарда луѓе во светот живеат во акутна сиромаштија, а повеќе од половина од нив се деца, се истакнува во извештајот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавен денеска, а по повода Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата. Извештајот, објавен во соработка со Оксфордската иницијатива за човечки развој и сиромаштија (OPHI), нагласува дека стапките на сиромаштија се три пати повисоки во земјите погодени од војна, при што во 2023 година во светот е регистриран најголем... Читать дальше...

Николовски: Сегашниот проект за Коридор 8 нема да се работи, за нов ќе видиме

SlobodnaEvropa.mk 

Иако е постигната начелна согласност за продолжување за завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8, министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека проектот ќе мора да се смени, бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна. „Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Читать дальше...

Град Скопје купува дрвја од по 600 евра додека долговите растат

SlobodnaEvropa.mk 

За една година долгот на македонската метропола Скопје порасна за три пати. Истражувањето на Радио Слободна Европа покажа дека зголемувањето на долгот делумно се должи на непродуктивни трошоци, како што се набавка на дрвја за речиси милион евра, скапи судски спорови и за извршители. Градските власти за Радио Слободна Европа велат дека буџетот е стабилен, а долговите се од претходните скопски градоначалници. Во меѓувреме, градските јавни претпријатија поради долгови едвај го чистат сметот, а јавен превоз речиси и да нема. Читать дальше...

По неколкугодишна пауза, шефот на иранска дипломатија Арагчи во Египет

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, доцна синоќа (16 октомври) слета во Каиро на разговори со египетските власти, што е прва ваква посета по неколку години, како дел од турнејата низ Блискиот Исток во време на голема загриженост поради поширок блискоисточен конфликт со Израел. Тензиите се високи бидејќи се очекува израелски напад врз Иран, како одмазда за иранскиот ракетен напад на 1 октомври, кој дојде по драматичната ескалација на конфликтот меѓу Израел и проиранската либанска милиција Хезболах. Читать дальше...

Не им e страв само од ракот на дојка, туку од системот

SlobodnaEvropa.mk 

За термин за ехо и за мамографија жените во Северна Македонија, и оние кои се заболени од рак на дојка и за редовен преглед чекаат повеќе од еден месец. Борејќи се да преживеат во систем во кој јавното здравство е речиси урнисано, пациентките се пред избор - да плаќаат приватно или да бараат чаре во странство.

Дали Пенсилванија го има клучот за претседателските избори во САД?

SlobodnaEvropa.mk 

На само неколку недели до претседателските избори во САД, кандидатите се изедначени. Потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп трошат време и пари во државите кои би можеле да бидат решавачки, со посебен фокус на Пенсилванија. Тоа е најголемата од овие т.н. свинг држави, каде што разликата од само неколку илјади гласови може да биде доволна за да се наруши билансот. Во политички поделените градови како Скрентон, гласачите велат дека инфлацијата, имиграцијата и репродуктивните... Читать дальше...

Италија го прогласи за нелегално барањето сурогат мајка во странство

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанскиот парламент им забрани на брачните двојки да патуваат во странство за да добијат дете преку сурогат мајчинство, потег за кој се залага партијата на премиерката Џорџа Мелони, а активистите велат дека законот ги таргетира истополовите партнери. Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Мелони спроведува многу конзервативна социјална агенда, настојувајќи да го промовира она што таа го смета за традиционални семејни вредности, што им отежнува на ЛГБТК двојките да станат законски родители. Читать дальше...

Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах, но мора да ги заштити цивилите

SlobodnaEvropa.mk 

Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 лица, вклучувајќи го и градоначалникот, Милер рече дека не може да коментира за поединечни напади, но нагласи дека САД „не сакаат да се уништуваат цивилни згради“. ... Читать дальше...