ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 30.10.2024

Новиот лидер на Хезболах вети дека ќе ја продолжи војната со Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Наим Касем, новиот водач на вооружената група Хезболах поддржана од Иран, на 30 октомври вети дека ќе продолжи со спроведувањето на воениот план што го постави неговиот претходник Хасан Насрала, поради извештаите дека Израел повторно напаѓа цели на Хезболах во Либан. Во својот прв говор откако беше назначен претходно оваа недела да го замени Насрала, кој беше убиен во масовен израелски воздушен напад на 27 септември, Касем рече дека Хезболах, прогласен за терористичка организација од страна на... Читать дальше...

Јапаров предлага нова национална химна за „развојот“ на Киргистан

SlobodnaEvropa.mk 

Киргистанскиот претседател Садир Јапаров вели дека планира да ја ревидира националната химна на земјата за соодветно да го претставува „еволуирачкиот“ идентитет на нацијата. Во интервју за весникот „Кабар“ на 30 октомври, Јапаров рече дека верува оти сегашната химна, усвоена пред 33 години, не инспирира патриотизам и единство и не го зајакнува духот на современото киргистанско општество. „Сегашната химна е напишана не долго откако станавме независни. Ни треба нова химна што ќе ја отелотвори нашата... Читать дальше...

Сиљановска Давкова: Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска на 30 октомври изјави дека по колективната оставка на Комисијата за помилување почнати се разговори за избор на нејзин нов состав, но дека нема да брза со нејзиното формирање.  „Не даде Комисијата отказ. Комисијата од лични и професионални причини поднесе оставка и тоа е нешто друго. И јас, ние сме во разговори за нов состав на Комисијата. Јас никогаш не ги правам брзо работите, признавам. Разговараме, треба сите профили да бидат внатре вклучени... Читать дальше...

Државните правобранители на протест - или повисоки плати или блокирање на експропријацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку не се исполнат барањата на УПОЗ, решавањето на предметите за експропријација на имоти низ кои поминуваат коридорите 8 и 10 ќе бидат блокирани, ова го најави првиот човек на синдикатот Трпе Деаноски. Протестот кој започна денеска и се однесува сите подрачни единици, велат, е одраз на незадоволство од неисполнетото барање за покачување на додатокот на плата. Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски на прес-конференција... Читать дальше...

СДСМ ќе бара директорот на АНБ да реферира за сертификатот на јавна седница на собраниска комисија

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција во законодавниот дом соопшти дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ Скендер Реџепи, за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, со цел да даде одговори на прашања поврзани со сертификатот по англиски јазик кој го приложил при конкурирањето за директор на Агенцијата. Читать дальше...

Жените се неискористен потенцијал на пазарот на труд

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 250.000 жени во Северна Македонија се надвор од пазарот на трудот. Причини за тоа се ограничена поддршка за детска грижа, домашни обврски, недостапност на флексибилни работни места и културни бариери. Вредноста на работата на домаќинките е проценета на 8 отсто од БДП.

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Христијан Мицкоски очекува извештајот на Европската Kомисија за напредокот на земјата, што треба да биде објавен денеска (30 октомври), да биде сличен како и претходниот извештај со одредени подобрувања во некои области. „Од овој извештај од тоа што можам да го добијам како неофицијална информација опфаќа период од 10 месеци од претходната влада и техничката влада, два месеци од оваа Влада и е нешто помал бидејќи е променет форматот за да биде прегледен за граѓаните и за јавноста. Очекувам... Читать дальше...

Извештај на ЕК: Нема уставни измени на кои државата се обврза

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија сè уште нема усвоено измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата, како што се Бугарите. Ова меѓу другото стои во нацрт извештајот на ЕК во кој РСЕ имаше увид. Комисијата останува на политиките за проширување, но за Грузија го запира процесот.

Иран ја укина забраната за купување најнови модели на Ајфон

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 19 месеци откако на Иранците им беше забрането да ги купуваат најновите модели на Ајфон (iPhone), властите на 30 октомври објавија дека забраната е укината. „Деталите и прописите поврзани со увозот на Ајфон (iPhone) ќе бидат објавени во најблиска иднина“, рече министерот за телекомуникации Сатар Хашеми во објавата на платформата X. Тој не даде повеќе детали, но рече дека потегот е „поддржан“ од претседателот Масуд Пезешкијан. Забраната, чија цел беше да го ограничи трошењето во странска... Читать дальше...

ЕУ извештај за проширување - Северна Македонија ги нема усвоено уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија сè уште нема усвоено релевантни уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата како што се Бугарите. Ова, меѓу другото, стои во нацрт извештајот на ЕК во кој Радио Слободна Европа имаше увид. Бугарите како малцинство и нивниот влез во Уставот на Република Северна Македонија, се дел од нацрт извештајот на Европската Комисија која денеска треба да го објави Пакетот за напредокот на европскиот пат на 10 земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ за 2024 година... Читать дальше...

Кина бара СТО да реагира на новите европски давачки за електрични возила

SlobodnaEvropa.mk 

Кина соопшти дека покренела прашање за трговскиот спор со ЕУ пред Светската трговска организација (СТО), поради одлуката на Брисел да воведе царински давачки на електрични возила од Кина, што Пекинг го нарече „протекционистички потег“. Европската Комисија усвои правила за дополнителни царински давачки за кинеските електрични возила, поради сомнеж за создавање на нелојална конкуренција. И покрај отпорот на Германија, Брисел одлучи да воведе дополнителен данок до 35 отсто над веќе постоечките 10 отсто за кинеските електрични автомобили. Читать дальше...

Грузиското обвинителство ја повика Зурабишвили како сведок во истрагата за изборнa измамa

SlobodnaEvropa.mk 

Грузиските обвинители ja повикаа претседателката Саломе Зурабишвили да сведочи во  истрагата за можна измама на изборите на 26 октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон поради наводите за прекршувања и од опозицијата и од Зурабишвили. Истрагата доаѓа еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден изрази длабока загриженост за демократскиот регрес на Грузија и повика на транспарентна истрага за наводите за измама со гласањето. Сè повеќе авторитарниот Грузиски сон прогласи победа со речиси 54 отсто од гласовите... Читать дальше...

ЕК ќе ги усвои извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Комисија на денешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на десетте земји опфатени со процесот на проширување, вклучително и Северна Македонија. По усвојувањето на пакетот, тој ќе биде официјално презентиран од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. Читать дальше...

Кога ќе биде познато кој е победник на претседателските избори во САД?

SlobodnaEvropa.mk 

Во тесни избори, особено ако се оспоруваат на суд, официјалните вкупни гласови може да се одложат со недели или подолго. Гласањето преку пошта, исто така, влијае на тоа кој е во водство на и по денот на изборите.

Обилни поплави во Шпанија, најмалку 13 загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 13 лица загинале во силните бури и поплави што предизвикаа хаос низ Шпанија, соопштија локалните власти рано во среда (30 октомври). Регионалниот водач на источната автономна заедница Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека се пронајдени мртви тела. Весникот Ел Паис објави дека шест лица се водат како исчезнати во југоисточната провинција Албасете. Покрај обилните врнежи, имало и град и силни налети на ветер, соопшти националната метеоролошка служба Аемет. Невремето предизвика излевање на реките... Читать дальше...

Харис и Трамп со завршни пораки во изборната кампања

SlobodnaEvropa.mk 

Американската потпретседателка Камала Харис го критикуваше поранешниот претседател Доналд Трамп како нестабилен и опседнат со одмазда на предизборниот митинг на местото во близина на Белата куќа каде што на 6 јануари 2021 година Трамп им се обрати на своите поддржувачи пред тие да го нападнат Капитол. Говорејќи во Вашингтон на 29 октомври, додека претседателските избори во САД се во својата последна недела, Харис, кандидатката на Демократската партија на изборите на 5 ноември, го кажа она што нејзината кампања го нарече „завршна порака“. Читать дальше...