Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во однос на поднесената иницијатива од адвокатско друштво од Охрид за тоа колку државата обезбедува или не услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.
Насилства и напади меѓу младите, секојдневно ги полнат полициските билтени. Дел од жртвите, велат дека страв им е и да пријават за да не им се одмаздат. Граѓаните, според анкетите, бараат зголемено присуство на полицијата што, пак, министерот Тошковски вели дека е едно од основните мота на МВР.
И по затворањето на „Прајд“ (Pride) инфоцентарот во Белград, сè уште стигнуваат пораки со поддршка за организаторите на просторот што ја собираше ЛГБТИ+ заедницата во последните седум години. Лоциран во центарот на Белград, центарот обезбедуваше правна и психолошка поддршка и работилници. Од финансиски причини тој беше затворен на 27 септември, но координаторите на центарот велат дека нивната работа не е целосно прекината.