ru24.pro

World News in Macedonian

Новости от Russia24.pro

Russia24.pro Каталог
Июль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Все новости

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

SlobodnaEvropa.mk 

Татко и син се убиени, а убиецот се самоубил ноќеска во Прилеп. Според првичните сознанија, 63-годишен прилепчанец го убил својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 13-годишен син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања, а потоа се самоубил. „Таткото и синот отишле во куќата на вујкото на улицата 'Стеван Апостолоски' околу 15 до 16 часот. Освен вујкото немало никој друг во куќата. Инаку, претходно вујкото му ја препишал куќата на внукот. Не се знае што се случувало наредните... Читать дальше...

Стравувања за животот на авганистанскa пејачка во земја каде музиката е забранета

SlobodnaEvropa.mk 

Популарна авганистанска пејачка исчезна пред повеќе од еден месец во Кабул, каде што се прослави по својот настап во популарно телевизиско шоу за таленти пред речиси 10 години. Според нејзиниот сопруг, Зулала Хашеми отишла на шопинг за претстојната прослава на Бајрам на 4 јуни, велејќи му дека ќе се врати за „неколку часа“. Оттогаш, никој не ја видел ниту слушнал за неа. „Зулала требаше да оди со нејзината тетка, која живее во близина, но таа не се појавила во куќата на нејзината тетка“, рече нејзиниот сопруг... Читать дальше...

Ангелов „сонува“ за елитна единица, со пожарите се бори со воени возила и доброволци

SlobodnaEvropa.mk 

Додека пожари беснеат во земјава директорот на ДЗС Стојанче Ангелов смета дека добро се справуваат со нив. Наместо интервентна единица тој доби пренаменети оклопни возила и доброволци во најава, но во интервју за РСЕ вели дека не е задоволен. За жртвите се истражува дали се од пожарите.

Ангелов: Детектирав многу корупција во ДЗС, може да завршат во затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Во интервју за РСЕ, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, говори за тоа дека се сомнева на многу корупција меѓу вработените и инспекторите. По трагедијата во Кочани се уште нема поставено инспектор против пожари. Институцијата е со оскудни капацитети, вели Ангелов.

Тага и молк на протестот во Кочани, концертите откажани

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кочани овој Петровден, инаку патрон празник на градот, наместо да се пее и празнува, се молчи и се тагува. Свежи се сеќавањата на ужасната трагедија во кочанската дискотека Пулс која на 16 март зема 62 животи, а во која беа повредени околу 200 луѓе. На комеморација во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, организирана од Општина Кочани со поддршка на Црвен крст, граѓаните оддадоа почит со минута молк. Блиските на жртвите, облечени во црно, симболично, пуштија 62 бели балони кон небото. Низ кочанските улици... Читать дальше...

Трамп најави царини од 30 отсто за стоки од ЕУ и Мексико од 1 август

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 30 проценти за стоки увезени од Мексико и Европската Унија почнувајќи од 1 август, откако неколку неделните преговори со клучните трговски партнери не резултираа со договор. Овие мерки, кои означуваат ново заострување на трговската политика на Вашингтон, Трамп ги објави на социјалната мрежа Truth Social, јави Ројтерс. Претходно, беа објавени дополнителни царини за Јапонија, Јужна Кореја, Канада и Бразил, вклучувајќи царини од 50 проценти за бакар. Читать дальше...

Градоначалничката Арсовска доби 24-часовно полициско обезбедување

SlobodnaEvropa.mk 

МВР поднесе кривични пријави против две лица, а Обвинителството поведе постапка и побара притвор за првоосомничениот и мерки за претпазливост за другото лице откако градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера беше физички нападната во општина Чаир вршејќи увид на дивоградба.

Шест ин витро обиди на државна сметка и побрзо одобрување, најави ФЗО

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно шест наместо како што беше досега - три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) попознато како ин витро, ќе бидат овозможени на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Ова една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието, како што денеска (12 јули) соопштија генералните директори на Фондот, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов. Според најавите, освен што БПО ќе биде вклучено во основниот пакет на здравствени услуги, ќе има и усогласување на ослободувањето од партиципација... Читать дальше...

ЦУК: Од 38 пожари изминатото деноноќие, активни се три

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на изминатото деноноќие низ државата имало вкупно 38 пожари. Три од нив се активни, пет се ставени под контрола, а 30 се изгаснати, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според нивниот најнов извештај, активни се пожарите во Општина Дојран – с. Николич, Општина Велес – с. Џидимирци и во Општина Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица. Под контрола се пожарите во Македонски Брод – с. Слатина, Македонски Брод – с. Слатина, Слатински извори, Чучер Сандево – с. Читать дальше...

Трамп и Османи за заканите од Србија, косовската влада без коментар

SlobodnaEvropa.mk 

Додека косовската претседателка Вјоса Османи тврди дека има „сигурни информации“ дека американскиот претседател Доналд Трамп „неодамна спречил“ ескалација на безбедносната ситуација од Србија кон Косово, актуелната косовска влада не коментира. На прашањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) за каква ескалација на ситуацијата станува збор, каков конкретен безбедносен ризик постои и кога, косовското Министерство за внатрешни работи исто така не одговори. Од друга страна, Белград оцени дека претседателката... Читать дальше...