ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28
29
30
31

Бугарите гласаат со мали надежи за надминување на ќор-сокакот

0
Бугарите денеска (27 октомври) се упатија кон гласачките места за седмите парламентарни избори во последните четири години, во услови на слаби надежи за ставање крај на политичкиот ќор-сокак во најсиромашната држава во Европската Унија.


Гласањето, кое започна во 7 часот по локално време и ќе заврши во 20 часот.


Пред гласањето, анкетата на Галуп интернешнал Балкан објавена од Бугарското национално радио сугерираше дека ниту една партија не е подготвена да освои парламентарно мнозинство.


Се очекува централно-десничарската ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов да биде најголем освојувач на гласови со околу 26 отсто од гласовите. Сепак, партијата најверојатно ќе наиде на потешкотии да најде владини партнери, поставувајќи го теренот за продолжени коалициски разговори.




Анкетата на Галуп покажа дека реформистичката ПП (Ние ја продолжуваме промената) ќе освои 16,2 отсто, а про-Кремљ, екстремно десничарската партија Преродба 14,9 отсто. За изборите пријавени се вкупно 22 партии и девет коалиции.


Бугарија не можеше да воспостави стабилна влада откако големите антикорупциски протести ја соборија владата на Борисов во 2020 година.


Оттогаш, шест избори не успеаја да го надминат политичкиот ќор-сокак.


Последните избори во јуни беа неубедливи, а политичарите три пати не успеаја да состават коалициска влада.


Гласањето на јунските избори го означи историски најниското ниво во посткомунистичка Бугарија, со само 34 отсто од гласачите со право на глас.


Одзивот на гласачите се очекува да биде уште помал за гласањето на 27 октомври, а истражувањето на Галуп предвидува дека ќе излезат само 31 процент од гласачите.


Во август, претседателот Румен Радев го прифати предложениот кабинет на вршителот на должноста премиер Димитар Главчев, со што на Бугарија погодена од сиромаштија и корупција и се формираше преодна влада.


Главчев беше назначен за привремен премиер откако владата се распадна во март под слични околности. Откако гласаше, Главчев рече дека гласа „за европска и стабилна Бугарија со редовна, стабилна влада која го почитува уставот на земјата и се води од интересите на народот“.