ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28
29
30
31

Жител на Мала Речица се снимал со бомби - кашикари, па бил уапсен

0
Тетовското обвинителство отвори истрага за  жител на Мала Речица кој имал бомби - кашикари. Во соопштението кое го испрати обвинителството се вели дека неовластено држел експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.


„Две рачни бомби – кашикари ги снимил и фотографирал со својот мобилен телефон, како ги држи во рака. На телефонот имал и означена локација во селото Доброште. Потоа се упатил со автомобил кон локацијата, но на влезот од селото селаните веднаш го забележале како сомнително непознато лице“, се вели во соопштението


За да не биде откриен, бомбите ги извадил и ги оставил покрај патот, па продолжил да вози. Меѓутоа, локални жители му го попречиле патот, го пријавиле во полиција, по што бил приведен.


Истрагата е поведена за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.