Харис или Трамп – колку е важно за Северна Македонија кој ќе победи?
Балканот, а и Северна Македонија речиси никогаш не биле на врвот на американските надворешно-политички приоритети, смета експретседателот Пендаровски. И тој и поранешниот амбасадор во САД Наумовски, сметаат дека Северна Македонија би можела да почувствува само индиректни последици од тоа дали Харис или Трамп ќе биде идниот американски претседател. Двајцата немаат дилема дека без разлика на исходот, ќе продолжи американската поддршка за внатрешните реформи во земјава.