ru24.pro
World News in Macedonian
Октябрь
2024

Елвис Шаќири - образованието на Ромите останува предизвик

0
Елвис Шаќири, директор на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико од Северна Македонија, е еден од шестмината добитници на наградите за глобални двигатели против расизмот. Наградата му ја врачи државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во американскиот Стејт депармент, на 21 октомври. Активистот Шаќири кој ги застапува правата на ромската заедница во Северна Македонија, е награден за исклучителна храброст, лидерство и посветеност и борбата против системскиот расизам, дискриминација и ксенофобија во заедницата. Лидерите се номинираат од амбасадите и конзулатите на САД ширум светот. „Кога секој од нас би направил по една позитивна работа, сите на некој начин би биле лидери“, порача Шаќири во разговорот со Радио Слободна Европа.