Ристовски: Владата не се меша во ФФМ
„Кога некој ќе остане повеќе години на функција доаѓа до меѓусебно заситување меѓу човекот и спортот“, вели министерот за спорт Борко Ристовски за првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Во инстервју за РСЕ оценува дека успехот на репрезентацијата оди во нагорна линија, но, за работењето на ФФМ е воздржан за коментар, бидејќи вели дека не ги знае деталите.