Венецуела треба да докаже дека имало хакерски напад од Северна Македонија врз нејзиниот изборен процес
Македонските власти со резерва ги разгледуваат информациите од венецуелското обвинителство за наводен хакерски напад во изборната ноќ од Северна Македонија. Министерот Андоновски побара докази и дека „нема да се дозволи државата да биде вмешана во внатреполитички битки на авторитарниот режим“. Ако имало напад, како утврдиле дека изворот на нападот е македонски, прашуваат ИТ експертите.