Северна Македонија е во топ десет земји по бројот на иселување на населението во странство. Особено заминува квалификуван кадар, кој, според Светската банка, веќе 40 отсто е заминат од земјава. Ревизорите објавија дека државата нема ефикасни мерки против иселувањето коe чини стотици милиони евра
За Владата присуството на премиерот Мицкоски е потврда за владината поддршка на овие проекти, а во општините тој не само што е добредојден, туку е и посакуван гостин. Дел од комуниколозите велат дека пораката е - сѐ што ќе се гради во државата зависи од премиерот или од блискоста со него.