ru24.pro
World News in Macedonian
Июль
2024

Новости за 25.07.2024

Женски презимиња во машки род - слобода или помодарство?

SlobodnaEvropa.mk 

Според податоците од Управата за водење на матични книги, минатата година, 1903 Македонки го додале или зеле презимето од сопругот, во машки род. Законот за лично име е прилично либерален, а треба да биде поконкретен и поограничувачки за да не ја дестабилизира нормата на женското презиме, вели ономастичарката Елка Јачева-Улчар.

Имотот на пратеникот Ковачевски поголем за еден стан и куќа од имотот на премиерот Ковачевски

SlobodnaEvropa.mk 

Со парите од продажбата на поголемиот стан и колата, како и со парите од дивидендата си купив два помали стана и една викендичка во Волково, објаснува пратеникот и поранешен премиер Димитар Ковачески за разликата во анкетните листови во ДКСК. Податоците покажуваат додека бил премиер, го зголеми својот недвижен имот.

Протести во Вашингтон за време на обраќањето на Нетанјаху во Конгресот

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници луѓе протестираа во Вашингтон додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се обрати на Конгресот на 24 јули. Посетата доаѓа во клучен момент во американската политика, кога претседателот Џо Бајден ја напушта трката, а потпретседателката Камала Харис ја засилува својата кампања. Додека демонстрантите го изразија својот гнев поради поддршката на САД за израелската војна во Газа, некои рекоа дека нивните гласови на претстојните претседателски избори ќе зависат од тоа како кандидатите ќе го решаваат проблемот.