АД МЕПСО со заем од 26,4 милиони евра од ЕБОР ќе ја зајакнува преносната мрежа, но експерти велат дека треба и самата повеќе да вложува во модернизација. Заемот е за нови далноводи и трафостаници во југоисточниот регион, но засега е нејасно под какви услови е земен.
Надлежните не нудат решение за хаосот во јавниот превоз. Додека возачи се жалат на лоши услови за работа а патници колабираат, во Советот на Град Скопје не може да се изгласа проектот за купување еко - автобуси на градоначалничката Арсовска, ниту да продолжи проектот за брз автобуски превоз на Шилегов
Зајакнати патроли предводени од НАТО се движат долж косовско-српската граница во екот на зголемена тензија. Северно Косово е област со мнозинско српско население со порозна граница што им дозволува на шверцерите и милитантите да преминат во косовските градови, понекогаш предизвикувајќи смртоносни судири.