Кај Пехчево повторно се разгоре пожарот над селото Негрево и се доближи до првите куќи во градот. Во села кај Свети Николе пеплосани се 40-тина куќи. Критично денеска беше и во Стар Дојран каде се запали депонијата, а пламените јазици што се проширија зафатија и две куќи. Вчера, пожарите ја зедоа и првата жртва во кумановско.
Македонските власти со резерва ги разгледуваат информациите од венецуелското обвинителство за наводен хакерски напад во изборната ноќ од Северна Македонија. Министерот Андоновски побара докази и дека „нема да се дозволи државата да биде вмешана во внатреполитички битки на авторитарниот режим“. Ако имало напад, како утврдиле дека изворот на нападот е македонски, прашуваат ИТ експертите.
УНИЦЕФ ги повика властите да ги адаптираат и училиштата и градинките за да може децата и вработените да се справат со топлотните бранови. Институциите, пак, уверуваат дека има системи за греење и ладење. МОН вели дека работи на спроведување на препораките и нема да има одложување на почетокот на школската година поради високи температури.
„Никогаш не сум била член на политичка партија, ниту имам мотив да соборам некого од власт, туку само да се стопира проектот и уште еднаш да преиспита сè“, вели учесничка на протестот против отворање рудник за ископ на литиум во Србија