Социјалдемократите ќе треба да го променат своето однесување како партија, ако сакаат да направат успех на следните избори, сметаат аналитичарите. Дел од нив, пак, сметаат дека изборот на Филипче, кој важи за близок до екслидерот Зоран Заев, може да значи и побрз распад на партијата. Како нов претседател тој ветува дека ќе ја обедини и реформира партијата и ќе ја врати довербата на членството.
Десетици милиони евра годишно плаќа државата за камати и провизии кон меѓународните организации поради доцнење со градежните проекти и за неискористенот на грантовите и заемите, покажуваат неколку ревизорски извештаи. Само за автопатот Кичево-Охрид е платено 45 милиона евра за камати, плус 5,7 милиона провизија за неповлечени средства.