ru24.pro
World News in Macedonian
Июль
2024

Новости за 17.07.2024

Ребаланс на Буџетот – спас од клиничка смрт или барање алиби

SlobodnaEvropa.mk 

Владата вели дека наследила хаос и долгови и со ребалансот очекува дека ќе ја подобри економската состојба на граѓаните. Дали ќе се зголемува минималната плата како што бараат синдикатите, засега нема конкретен одговор. Првичната проекција за економски раст е неостварлива. Новата власт обвини дека иако морале, претходниците не испланирале голем број расходи и трошеле недомаќински. СДСМ, пак, вели дека ВМРО-ДПМНЕ бара само алиби и нема да ја зголеми ниту платата ниту стандардот на граѓаните.

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го прогласија за свој партнер. Владата ќе поднесе закон за задолжувањето со унгарскиот заем во Собранието. Уште половина милијарда евра најавени за во јануари догодина. Во Унгарија се отвора прашањето од каде толку пари за заем?

Опасниот живот на киргистанските сточари

SlobodnaEvropa.mk 

Секоја пролет, стотици овчари и сточари низ Киргистан се преселуваат во планинските пасишта по долга, сложена и често опасна рута. Современите киргистански номади треба да патуваат повисоко во планините отколку пред неколку години во потрага по позелени места за да ги чуваат своите животни.