ru24.pro
World News in Macedonian
Июль
2024

Новости за 24.07.2024

Средношколецот Алдин: Живеам со хендикеп, но и со позитивен дух

SlobodnaEvropa.mk 

Алдин Шерифи е средношколец со оштетен вид. Секојдневно има многу предизвици, но ова не го обесхрабрува да биде позитивен. Ја сака музиката, а професионална определба е физиотерапијата. Ја реобјавуваме неговата приказна во која на младите им порачува да го сакаат животот, бидејќи е еден.

Што следува по Путин – мислења на експерти

SlobodnaEvropa.mk 

Како и кога ќе заврши 25-годишното владеење на рускиот претседател Владимир Путин? И кој би можел да го заземе неговото место? Ова се прашањата што руската истражувачка редакција на РСЕ им ги постави на десетици меѓународни експерти за Русија, кои вкупно спомнаа 34 можни наследници.

По 15 години од првиот обид, ќе заживее ли лобирањето во Северна Македонија?

SlobodnaEvropa.mk 

Енергетиката е првата област каде би можеле да се случат првите лобирања во земјава. Првите лобисти се запишаа во регистарот на Антикорупциска дури две години откако почна да се применува новиот Закон, но лобирањето како инструмент во македонските закони постои од 2008, но досега не успеа да заживее

Пензионираниот пилот кој гаси пожари: Ние сме „инфузија“, но потребни се нови пилоти

SlobodnaEvropa.mk 

Пензионираните пилоти Стоје Арсовски и Васко Михалчев се вратија во ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување за да ги гасат пожарите кои беснеат низ македонските планини. Граѓаните ги нарекуваат херои додека тие даваат сѐ од себе за да помогнат. Арсовски забележува дека тоа го прават и другите, во условите кои ги имаат и со опремата со која располагаат. Па затоа, им се восхитува на оние кои од земја се борат со пламените јазици. По 15 години искуство со ер тракторот, тој се надева дека ќе има кој да го замени.