ru24.pro
World News in Macedonian
Июль
2024

Новости за 26.07.2024

Сања Божиновска - патот од професионална кариера до министерска премиера

SlobodnaEvropa.mk 

„Немам криминал во мојата кариера“, вели министерката за енергетика Сања Божиновска, како одговор на прашањата на РСЕ за прекршочната и кривичните пријави кои македонските институции ги повеле за фирмите кои се поврзуваат со нејзиното име, а за кои нема правна разрешница. Божиновска вели дека во енергетскиот сектор има многу нечесни игри, но посочува дека таа не е дел од нив.

Олимпијадата во Париз, без руски спортисти и гледачи во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Олимписките игри започнуваат во Париз, а градот ќе организира спортски настани под Ајфеловата кула и ќе се плива во реката Сена. На официјалните руски и белоруски тимови им беше забрането, иако некои спортисти ќе се натпреваруваат под неутрално знаме. Руските радиодифузери избраа да не ги откупат ТВ правата. Пред Игрите, францускиот претседател Емануел Макрон предупреди за руските кампањи за дезинформации.

Релиќ со македонското знаме на отворањето на Олимписките игри и надеж за медал

SlobodnaEvropa.mk 

Таеквондистката Милијана Релиќ, знаменосец на отворањето, е една од шестмината македонски спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри Париз 2024. Таа и нејзиниот тренер, Александар Ефтимов, силно веруваат дека дома ќе се вратат со медал.

Лобирање...

SlobodnaEvropa.mk 

Лобирањето е регулирано со закон, но тешко функционира, па досега често значеше корупција. Но, што со „лобирањето на обичните луѓе, за јавен превоз и опрема за борба против пожари, на пример. Дали и лобирањето го убеди Бајден да се откаже од кандидатурата за уште еден мандат? Њузлетер 26.07.2024