По 36 дена од официјалниот старт на новата владина коалиција, на површина излегоа првите јавни несогласувања меѓу партнерите ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН( Вреди). Тие тврдат дека немаат несогласувања, додека лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски најави дека деновиве ќе излезе со став односие во владата. Политичките аналитичари очекуваат ваквата неусогласеност на владините партнери да стане нормална појава.
Многу ветувања за дигитализација, но Северна Македонија е на претпоследно место во Европа според дигитализација на јавните услуги. Граѓаните се уште чекаат ред на шалтери, се троши хартија, а институциите се уште не се дигитално поврзани во еден систем и нудат мал број на електронски услуги