Половина од новороденчињата ќе се тестираат за спинална мускулна атрофија
Северна Македонија воведува скрининг за бебиња за болеста СМА како што има во најголем дел од европските и во дел од балканските држави. Скринигот треба да почне за околу две недели, во најголемите родилишта во државава. Со навремено откривање и терапија болеста се држи под контрола, велат лекарите