ru24.pro
World News in Macedonian
Август
2020

Новости за 21.08.2020

ЕУ свика состанок за иранскиот нуклеарен договор

SlobodnaEvropa.mk 

Заедничката комисија за иранскиот нуклеарен договор ќе се состане во Виена на 1 септември, соопшти денеска Европската унија. Состанокот доаѓа во време САД сакаат да воведат нови санкции за Техеран, а европските сојузници се противат на тоа. Состанокот ќе го води ЕУ и ќе учествуваат претставници на Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и Иран, се вели во соопштението на ЕУ. Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 20 август официјално го започна процесот на активирање на механизмот... Читать дальше...

Џафери - Ќе бидам претседател на сите 120 пратеници

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери откако беше резибран на функцијата им се заблагодари на вработените во инфективните одделенија во земјава за нивната борба со ковид-19, потоа им се заблагодари на колегите што го гласале, но и на оние кои гласа против за нивната дебата со која придонеле за демократските вредности. Тој изјави дека ќе биде претседател на сите 120 пратеници. Талат Џафери реизбран за претседател на Собранието Претседателот на Парламентот рече дека следува период на предизвици и за мнозинството и за опозицијата.

Протести и блокади против цената на струјата

SlobodnaEvropa.mk 

Во Скопје и во неколку други градови попладнево се одржаа протести против поскапувањето на струјата. Граѓани протестираа низ центарот на Скопје, а блокираа и неколку крстосници, незадоволни што цената на струјата се зголемува за 7,4 отсто. Протести имаше и во Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево , Прилеп и Битола. Демонстранти го блокираа и автопатот Тетово – Скопје околу 30 минути. Луѓето кои протестираат бараат Регулаторната комисија веднаш да ја стави вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Читать дальше...

Во Косово и во Албанија расте бројот на заразени со ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во Косово во изминатите 24 часа десет лица починаа од последици од ковид-19, а регистрирани се 162 новозаболени и 220 излекувани. Досега бројката на заразени од појавата на епидемијата достигна до 12.168. Од нив починале 448. Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.572 лица. Вчера се извршени 584, а од почетокот на пандемијата, вкупно 46.452 тестирања. Во Албанија во изминатото деноноќие регистрирани се 152 новозаразени, што значи просечната бројка во овој месец е околу 150 случаи дневно. Читать дальше...

Џафери избран за претседател, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата

SlobodnaEvropa.mk 

Досегашниот претседател на Собранието и претседавач со конститувната седница Талат Џафери повторно е избран за собраниски спикер. Поради препораките за заштита од коронавирусот седницата се одржа во новата сала со куполата, па за неговиот избор се гласаше рачно, со зелени и со црвени картончиња.

Талат Џафери реизбран за претседател на Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Со 62 гласа „за“, Талат Џафери беше реизбран за претседател на Парламентот. Против гласаа 43 пратеници, а немаше воздржани. За избор на претседател на Собранието се гласаше рачно, со зелени и со црвени картончиња. Џафери потоа даде свечена изјава.   Собраниска расправа- власта „за“, опозицијата против Џафери   Во дискусиите кои му претходеа на гласањето, најголем дел од нив од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ преовладуваше критика кон старо-новата влада, предвидувања за краток рок на траење на ова мнозинство... Читать дальше...

Пакистан ја отвори границата со Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистан повторно го отвори преминот Чаман на границата со Авганистан. Преминот ги поврзува пакистанската провинција Балочистан и авганистанската провинција Нангархар. Граничниот премин беше затворен во март, по појавата на коронавирусот во Пакистан. Властите во Пакистан денеска соопштија дека решиле да го отворат преминот по разговорите со регионалните власти во Балочистан и жителите од пакистанската страна на границата. Во прекуграничен оган од Пакистан убиени 15 цивили во Авганистан Локалните... Читать дальше...

Транзит низ Србија без ПЦР-тест

SlobodnaEvropa.mk 

Македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија од денеска не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во оваа земја, одлучи тамошното Министерство за здравство. Периодот на транзитирање е ограничен на 12 часа од моментот на преминување на границата. З а престој во земјата останува на сила одлуката дека е потребно да се поседува негативен ПЦР-тест за присуство на коронавирус, не постар од 48 часа од датумот на издавање, издаден од референтната лабораторија на земјата од каде влегуваат во Србија. Читать дальше...

Курти бара смена на американскиот посредник Гренел

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на косовско опозициското Движење самоопределување (ВВ) Албин Курти ги повика сите косовски политички и државни субјекти да му се спротивстават на специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за дијалогот со Србија, амбасадорот Ричард Гренел, со цел тој да биде заменет со американски претставник кој ќе понуди поквалитетни решенија за споровите меѓу Приштина и Белград. Доскорешниот премиер на Косово на својот Фејсбук профил напиша дека Ричард Гренел треба да биде заменет со еден нов Холбрук. Читать дальше...

Ердоган потврди дека пронашле лежиште на природен гас во Црното Море

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека во Црното Море пронашле резерви од гас од околу 320 милијарди кубни метри. Тој вели дека станува збор за добра вест од историско значење за земјата, која речиси е целосно зависи од увезената енергија. Аналитичарите, пак, велат дека е забележителен обемот на откриениот гас, но дека тоа нема да ја смени играта, односно нема да ја претвори Турција во регионален енергетски центар или да им ја подобри финансиската состојба. Резервите на природен... Читать дальше...

Туризмот го зголеми бројот на новозаразени со ковид-19 во Хрватска

SlobodnaEvropa.mk 

Во Хрватска повторно е забележан раст на бројот на новозаразени со коронавирус. Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 265 заразени и еден смртен случај од ковид-19. Штабот за цивилна заштита на Хрватска денеска на прес-конференција соопшти дека во моментов има 1.842 активни случаи. СЗО: Балканот е ново жариште на Ковид-19 Министерот за здравство Вили Берош изјави дека денешниот број на заразени лица е без екстремни отстапувања од претходните денови. „ Тоа е последица на тоа што Хрватска беше отворена за туризам“... Читать дальше...

Судењето за „27 април“ продолжува на 26 август, Вељаноски повикал 50 сведоци

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието ќе продолжи на 26 август, откако на денешното рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази. За следното рочиште треба да почне сослушувањето на околу 50 сведоци кои ги предложила одбраната на еден од обвинетите, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, меѓу кои се и голем број поранешни пратеници. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование... Читать дальше...

Иницијативен одбор во ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Мицкоски и вонреден конгрес

SlobodnaEvropa.mk 

Иницијативниот одбор за организирање на вонредниот конгрес и реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска побара претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, да ја преземе одговорноста за поразот на изборите и да си поднесе оставка. Во име на иницијативниот одбор, вонреден партиски конгрес и оставка од Мицкоски, денеска побара поранешната пратеничка, Весна Дамческа-Илиевска, на прес-конференција пред Собранието, каде беше придружувана од актуелни членови, поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. „Го... Читать дальше...

1825 тестирани, 115 нови ковид позитивни, 3 починати, 225 оздравени

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19, тројца починати и 225 оздравени пациенти. Новозаразените се регистрирани во: Скопје-32, Куманово-7, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-10, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-11, Гевгелија-3, Крива Паланка-3, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-8, Делчево-3, Свети Николе-4 и Кичево-3. СЗО: Балканот е ново жариште на Ковид-19 „Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од... Читать дальше...

Блокада на депонијата Русино и во следните десет дена

SlobodnaEvropa.mk 

Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет дена. Ова следува по средбите на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар” со повеќе инволвирани страни и на повеќе нивоа, а на кои не е најдено решение кое би ги задоволило засегнатите страни. Постигант е само привремен договор додека трае блокадата на патот да се ппропушаат камиони со отпад од Гостиварската општина за да се спречи трупање на комунален смет во градот и околните населби. Читать дальше...

Ноќе почнуваа мачењата: Од прва рака за тортурата на притворените во Минск

SlobodnaEvropa.mk 

Артијом Важенков вели дека во притворниот центар Окрестина во белорускиот главен град Минск, каде бил задржан неколку дена, врисоците на оние што биле измачувани одекнувале долго во ноќта. „Беше ужасно, не она што го видов, туку она што го слушнав“, вели Важенков за Радио Слободна Европа.

Можен ли е нов бран на отпуштања наесен?

SlobodnaEvropa.mk 

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска вели дека најлошото поминало и очекува стабилизација на пазарот на труд. Но, за разлика од неа, економскиот аналитичар Арбен Халили не ја исклучува можноста од нови отпуштања доколку повторно бидат воведени рестриктивни мерки.

Институциите „ранливи“ на пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Новата влада кога ке се формира ќе мора да ги зајакне институциите за борба против криминалот во услови на пандемијата предзвикана од Ковид 19