ru24.pro
World News in Macedonian
Август
2020

Блокада на депонијата Русино и во следните десет дена

0
Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет дена. Ова следува по средбите на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар” со повеќе инволвирани страни и на повеќе нивоа, а на кои не е најдено решение кое би ги задоволило засегнатите страни.


Постигант е само привремен договор додека трае блокадата на патот да се ппропушаат камиони со отпад од Гостиварската општина за да се спречи трупање на комунален смет во градот и околните населби.



Активисти го блокираа пристапот на камионите со отпад до Русино


Еко-активистите информираа дека е закажан информативен состанок на кој ќе се изнесат аргументи за продолжување на проектот на полошкиот плански регион што го финансира швајцарската агенција за развој. Со него е предвидено да се формира заедничко претпријатие за девет општини.