ru24.pro
World News in Macedonian
Август
2017

Новости за 09.08.2017

Ученик од Хабаровск спасил давеник

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Во Хабаровск седмоодделенецот Алексеј Устјужин од селото Маго ќе биде награден со државно одликување на Министерството за вонредни состојби на Русија „За спасување на настрадани во вода“.

Читать дальше...

„Њузвик“: „Сомнителна сличност“ меѓу грбовите на Вестерос и руските градови

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Љубителите на серијата „Игра на тронови“ бараат секакви сугестии за понатамошниот развој на сижето. И, според „Њузвик“, тие успеаја да утврдат тајна врска помеѓу грбовите на благородничките куќи на Вестерос и руските градови.

Читать дальше...

„Моето оружје беше музиката“: 75 години од Седмата симфонија на Шостакович

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Дмитриј Дмитриевич Шостакович за време на Големата Татковинска војна учествуваше во одбраната на Ленинград заедно со другите жители на градот – стражареше на покривите на зградите, градеше противтенковски утврдувања, работеше како волонтер пожарникар (неговиот портрет со противпожарен шлем беше на корицата на магазинот „Тајм“ од 20 јули 1942 година). Притоа генијалниот композитор наоѓаше сила да се занимава со творештво.

Читать дальше...

Како памукот го испровоцира распадот на СССР

Russia Beyond The Headlines (mk) 

БЕРБА НА ПАМУК, УЗБЕКИСТАН, 1973. ИЗВОР: Р. ШАМСТУДИНОВ/TAСС

Памукот во Советскиот Сојуз претставуваше стратешка суровина која се користеше во производството на вооружување, како и материјал неопходен за правење на евтина облека за населението.

БЕРБА НА ПАМУК, АЗЕРБЕЈЏАН, 1979. ИЗВОР: Ф.НУРАЛИЈЕВ /ТАСС

Според официјалните податоци, на почетокот на 80-тите СССР го заземаше првото место во светот по производство на памук, кој меѓу народот се нарекуваше „бело злато“.

БЕРБА НА ПАМУК 1988. Читать дальше...

Седум освежителни пијалаци што ги пиеле старите Словени

Russia Beyond The Headlines (mk) 

1. Квас

/ Legion Media

Квасот е сосема прифатлива алтернатива на пивото. Словените пиеле квас од 'рж и од јачмен, и тоа во секој дел од денот, за време на работата, па дури и во текот на постот. Квасот бил еден од главните специјалитети на руската кујна на секоја трпеза – од селска до царева.

Словените често го пиеле со млад кромид и црн леб за вечера, а квасот од овошје или од јаткасти плодови им бил како десерт. Постои дури и посебен вид квас – кисел шчи. Тоа не е чорба, ами газиран пијалак од 'ржен слад. Читать дальше...

Во Чебоксари родители ја крстија ќерка си Вселена

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Матичната служба на администрацијата на Калининскиот реон на Чебоксари регистрираше девојче на кое родителите ѝ дале необично име – Вселена (Вселенная), пренесува РИА „Новости“.

Читать дальше...

Со што се занимавал Путин како агент на КГБ во Источна Германија?

Russia Beyond The Headlines (mk) 

„Разузнавач никогаш не може да биде поранешен“, вели руската поговорка, а Владимир Путин, по сè изгледа, е жив пример дека тоа е вистина. Тој во периодот од 1975 до 1991 година бил агент на КГБ. Тој не зборува многу за својата кариера во тајните служби, ниту за годините што ги минал во Дрезден (1985-1989) како агент на КГБ во Источна Германија, Речиси ништо не се знае за операциите во кои тој учествувал како агент на надворешната разузнавачка служба. Сепак, определени податоци се познати и ние ќе ги сумираме во оваа статија. Читать дальше...

Русите подобро ја оценуваат политичката и економската ситуација во земјата

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ) ги презентираше податоците за тоа како Русите ја оценуваат економската и политичката ситуација во земјата. Според анкетата, 17% од Русите ја оценуваат економската ситуација како натпросечна, 25% - под просекот, а 55% - просечна.

Читать дальше...

Во Москва отворен полигон за беспилотни автомобили и автобуси

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Како што соопштува прес-службата на управата на градот Москва, трасата на полигонот на техничкиот парк „Калибар“ во Останкинскиот реон е со должина од 400 метри и претставува урбана средина: на неа има автобуска станица, пешачки премини, сообраќајни знаци, ознаки и кружен тек - инфраструктура потребна за „обука“ на беспилотни возила.

Читать дальше...

На денешен ден: Заврши Виборшко-Петрозаводската офанзива

Russia Beyond The Headlines (mk) 

До средината на 1944 година позицијата на Финска беше сериозно влошена. Финската висока команда очајнички се обидуваше да ги задржи Карелиската превлака и Јужна Карелија. Виборшко-Петрозаводската офанзива се одвиваше на исклучително тежок терен – Карелиската превлака. Целта на офанзивата беше да се разбие финската војска и да се поврати државната граница со Финска на Карелиската превлака.

Читать дальше...

МО на Русија најави грандиозен фестивал на авиотехника

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Како што соопштува официјалното издание на Министерството за одбрана на Русија „Црвена ѕвезда“ (Красная звезда), во текот на авиошоуто кое ќе се одржи на 12 август во паркот „Патриот“, на небото ќе се покажат речиси сите видови модерни авиони од стратешката, воено-транспортната и оперативно-тактичката авијација, како и хеликоптери на армиската авијација.

Читать дальше...