На денешен ден: Отворена летната резиденција на руските цареви во Петерхоф
Идејата за изградба на царска резиденција на Балтичкото Море - која ќе се споредува со луксузни француски палати - му дошла на царот Петар Велики во 1714 година.
До официјалното отворање на 15 август 1723 година веќе постоеле Големата палата, фонтаните и другите помали палати.
Во текот на Втората светска војна палатата и паркот се тешко оштетени, затоа што не се многу далеку од фронтот. По завршувањето на војната, историските и културните споменици на Петерхоф се обновени и денес палатата пречекува туристи од целиот свет.
Рускиот Версај
