Кремљ со коментар за обидите на САД да го „прислушуваат“ Путин
„Заедно со целата меѓународна заедница се разбира дека обрнавме внимание на тие објавени податоци. Се разбира, тие заслужуваат внимание и треба внимателно да се читаат“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето за објавените податоци од „Викиликс“.
Меккејн ги обвини „Викиликс“ за врски со Русија
Притоа тој истакна дека „Вашингтон, всушност, и не крие дека активно ги прислушува руските официјални лица“.
„Тие и нашиот амбасадор Кисљак (го прислушуваат) и така натаму. Никој и не го крие тоа. Затоа тука може и да не се отвора „Викиликс“, може да ви текне“, додаде Песков, пренесува RT.
На 7 март „Викиликс“ почна да објавува податоци на ЦИА под шифрата „Сеф 7“ (Vault 7).
