Киев ќе му ја достави на судот во Хаг кореспонденцијата со Москва
Ова го соопштува „Украинска правда“ повикувајќи се на еден од членовите на украинската делегација во судот Богдан Крикливенко.
Русија во Хаг ги отфрли обвинувањата за „поддршка на тероризмот“ во Украина
„Господинот Рогачов (претставникот на Русија Илја Рогачов) вели дека Украина не ѝ презентирала на Русија конкретни случаи на прекршоци. Тој вели дека секој документ содржел само генерални работи. Меѓутоа, тој не му ги достави на судот сите без исклучок документи од дипломатската преписка“, изјави Крикливенко.
Тој потенцираше дека украинската страна „немала намера да го затрупа судот со толкав број на документи“, но сега ќе му ги предаде на судот останатите ноти, пренесува RT.
