Шефот на британското разузнавање ја смета Русија за закана
Русија претставува растечка закана за стабилноста на Велика Британија и применува арсенал од современи средства за постигнување на своите цели. Вакво мислење искажа директорот на MI5 (Служба за контраразузнавање) Ендрју Паркер во интервју за весникот „Гардијан“.
Путин: Немаме намера да нападнеме никого, тоа е глупаво и бесмислено
„Русија користи цела низа државни органи за да ја промовира својата надворешна политика во странство со сѐ поагресивни методи, вклучувајќи пропаганда, шпионажа, диверзии и кибер-напади“, изјави Паркер. Според него, во целите на Москва спаѓаат воените тајни, индустриските проекти, економските информации, државната и надворешната политика.
Директорот на MI5 претпоставува дека „Русија сѐ повеќе се конфронтира со земјите од Западот“. Тој исто така истакнува дека РФ „беше скриена закана со децении“.
