ru24.pro
World News in Macedonian
Ноябрь
2016

Новости за 13.11.2016

Џулиани: Трамп е настроен на соработка со Русија од позиција на сила

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Џулиани, кој е дел од групата ангажирана да го изврши трансферот на власта на новата админстрација, наведе дека Трамп сака да соработува со Русија во сферите во кои Вашингтон и Москва можат да работат заедно. Поранешниот градоначалник на Њујорк констатира дека на претседателот Барак Обама и поранешниот државен секретар Хилари Клинтон тоа не им пошло од рака, пренесува „Взгљад“.

Читать дальше...

Куп на конфедерациите

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Официјалната топка на Купот на конфедерациите 2017 што се игра во Русија.

Фри-стајл фудбалер игра со официјалната топка за време на отворањето во Москва на ФИФА Купот на Конфедерациите 2017 во Русија. Топката е производ на германската компанија за производство на спортска опрема „Адидас“.

Захарова за целите на контактите со приврзаниците на Трамп и Клинтон

Russia Beyond The Headlines (mk) 

„Имавме контакти со луѓе кои го поддржуваа и Трамп и, се разбира, ја поддржуваа Клинтон“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 1“.  „Во првиот случај имаше контакти меѓу нашата амбасада – нашиот амбасадор е активен во оваа смисла, тој се среќава со сенатори - тоа беа сенатори-републиканци. Не само амбасадорот се среќаваше, имаше контакти со луѓе кои го поддржуваа Трамп. Едноставно да разбере што доаѓа, каква е агендата“. Покрај тоа, изјави дипломатот, приврзаници на Хилари Клинтон во неколку наврати доаѓале до Москва. Читать дальше...

Захарова го „преведе“ обраќањето на Столтенберг до Трамп

Russia Beyond The Headlines (mk) 

„Кратка содржина на статијата, така кажано, во превод на „реал политички“ јазик: „А кој ќе нѐ издржува и ќе не раководи? Кој ќе ни плати за ова мракобесие што го носиме по милоста на Вашингтон? Зашто последниве неколку години ние се одучивме самостојно да размислуваат и дејствуваме“, вели Захарова на „Фејсбук“.

Читать дальше...

Медиум: Обама ќе ја притисне Грција за Русија и Македонија

Russia Beyond The Headlines (mk) 

Претседателот на САД Барак Обама во текот на својата посета на Атина ќе побара од премиерот на Грција Алексис Ципрас да ги затвори своите пристаништа за бродовите на руската морнарица, да гласа за нови санкции против Русија и да го укине „незаконското“ вето на пристапувањето на Република Македонија во НАТО, се вели во статијата на сајтот militaire.gr, кој обработува прашања со воена тематика и политика.

Читать дальше...

Столтенберг го предупредува Трамп

Russia Beyond The Headlines (mk) 

НАТО се соочува со најсериозните безбедносни проблеми во сегашната генерација - вакво мислење искажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неговата статија за весникот „Гардијан“. Според него, сега не е време за сомневање во вредноста на партнерството на Европа и во САД.

Читать дальше...