Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најмалку 12 загинати
Дванаесет лица загинаа, а повеќемина се повредени откако се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, соопшти српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.
Три лица се во тешка состојба во Ургентниот центар, изјави за новинарите, Весна Туркулов, директорка на Клиничкиот центар во Војводина.
Во операционата сала има две лица, а на еден пациент му е се прави дијагностика.
Повредени се две жени и еден маж, а нивниот идентитет не е познат.
Во моментов на терен се близу 80 спасувачи од неколку градови, а во урнатините биле пронајдени жена и девојка на околу 14 години, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
На новинарско прашање за тоа кој е одговорен за трагедијата, тој рече дека не е време да се одговори на тоа прашање.
Српскиот премиер, Милош Вучевиќ, изјави дека ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад.
„Ќе инсистираме да се најдат одговорните и да одговараат оние кои мораа да се грижат за состојбата на конструкцијата и состојбата на зградата“, рече Вучевиќ.
На територијата на Нови Сад е прогласена тридневна жалост, која ќе почне утре (2 ноември).
Полицијата ги блокираше сите приоди, додека четири багери и осум шлепери го расчистуваат теренот, a јавен обвинител спроведува истрага.
„Изразувам големо жалење што оваа трагедија се случи во Нови Сад. Градските служби се ставени на располагање на надлежните државни служби во полн капацитет. Согласно сите процедури, откако истражните органи ќе ја завршат истрагата, ќе ја информираме јавноста за понатамошните чекори“, рече градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.
Портпаролката на Заводот за трансфузија на крв во Војводина, Зорица Бјелиќ за РСЕ изјави дека над 300 луѓе чекаат на ред за доброволно дарување крв по несреќата.
„Во моментов одзивот е голем, па веруваме дека ќе ги зголемиме резервите на крв на сите крвни групи“, рече таа.
Српска железница-инфраструктура соопшти дека настрешницата што паднала „не била предмет на реконструкција како дел од работите на реновирање на зградата на станицата како дел од градежниот проект на брзата пруга Нови Сад – Суботица“.
Како што додаваат во соопштението, во рамки на реконструкцијата се работеше на внатрешноста на станицата, покривот и фасадата над и под настрешницата.
Железничкиот сообраќај во станицата е во прекин, а возовите сообраќаат од правец на Белград до станицата Петроварадин.
Железничката станица во Нови Сад е изградена во 1964 година според проектот на архитектот Имре Фаркаш.
Оваа станица беше официјално отворена во јули 2024 година, по тригодишна реконструкција. На 5 јули на отворањето на реконструираната зграда присуствуваа министерот за инфраструктура и енергетика, Горан Весиќ, претседателката на покраинската влада, Маја Гојковиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.