Белорускиот активист Андреј Гњот ја напушти Србија по укинувањето на притворот
Белорускиот активист и новинар Андреј Гњот, кој помина една година во притвор во Србија, чекајќи ја одлуката за негова екстрадиција во Минск, на 31 октомври објави дека е на слобода и се наоѓа на територијата на Европската Унија.
Гњот испрати соопштение до редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) во кое се наведува дека „по една година очајна борба - седум месеци затвор и пет месеци домашен притвор, од Србија е евакуиран во Европската Унија“.
"Мојата приказна е холивудски филм. Ве молам дајте ми малку време да се навикнам на слободата и безбедноста што ги немав толку долго. Во наредните денови ќе ги поканам сите на прес-конференција. Победивме!", напиша Гњот.
Адвокатот на Гњот во Србија, Филип Софијаниќ, за РСЕ потврди дека на 31 октомври Вишиот суд во Белград му го прекинал притворот на неговиот клиент по истекот на законскиот рок од една година.
„Согласно законот можеле да одредат некоја друга мерка, на пример да пријават во полиција, но тоа не го направиле“, рече Софијаниќ.
Гњот беше уапсен во октомври 2023 година на белградскиот аеродром врз основа на потерница од Интерпол, издадена по него од Белорусија, која оттогаш е откажана. Минск го товари за наводно затајување данок.
Тој помина седум месеци во централниот затвор во Белград, а од 5 јуни беше во домашен притвор.
Во мај, Високиот суд во Белград донесе првостепена одлука за екстрадиција на Гњот во Белорусија. По жалбите на неговите адвокати, одлуката е укината и предметот е вратен на ново решение.
Критичарот на белорускиот режим ги нарече „лажни“ обвинувањата за наводно затајување данок, наведувајќи дека тоа е „системски механизам за гонење“ на политичките противници од властите во Минск.
Тој е еден од неколкуте стотици илјади белоруски граѓани кои учествуваа во масовните демонстрации во 2020 година, оспорувајќи ја победата на Александар Лукашенко на претседателските избори.
Западните земји не ги признаваат резултатите од тие избори, а Европската Унија воведе санкции кон Минск поради репресијата на учесниците во демонстрациите.