ru24.pro
World News in Macedonian
Ноябрь
2024
1 2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Предупредувања за нови дождови во Шпанија

0
Шпанската метеоролошка служба во петок (1 ноември) издаде жолти и портокалови предупредувања за Валенсија и Кастелон, области кои беа погодени од разорни поплави во последните денови и каде што бројот на жртви се искачи на 161, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.


Дождот, иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, е нов проблем за жителите бидејќи земјата е веќе заситена, а понатамошните врнежи може да предизвикаат дополнителни поплави.


Оваа катастрофа е најлошата во Шпанија во последните децении, а властите ги предупредуваат жителите дека вонредната состојба е далеку од завршена.


Спасувачките екипи сè уште трагаат по урнатините по исчезнатите лица. Уништени се згради и инфраструктура, огромен број автомобили натрупани по улиците, а затворени се и голем број патишта.




Опозицијата ја обвини владата во Мадрид дека бавно реагирала и не ги предупредувала жителите и не испратила спасувачи навреме.


Министерството за внатрешни работи на земјата веднаш ги обвини локалните власти за лоша реакција и за непреземање соодветни мерки за цивилна заштита.


Шпанската полиција уапси 39 лица кои во четвртокот вечерта ограбувале во поплавените подрачја. Полицијата пронашла поголем број украдени предмети.