ru24.pro
World News in Macedonian
Август
2020

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

0
Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнс денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот за состав на нова влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски.


„Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана“, напиша Брнс на Твитер.



Заев е мандатар, преговорите за мнозинство продолжуваат


„Како нова членка на НАТО, ние ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина“, додава Брнс во твитот.