ru24.pro
World News in Macedonian
Май
2024

Новости за 17.05.2024

Скопје и Атина пак „се фатија“ за името

SlobodnaEvropa.mk 

Нови искри меѓу Грција и Северна Македонија околу името. Атина предупредува на „сериозни последици“ поради непочитување на Преспанскиот договот, а идниот премиер Христијан Мицкоски соопшти дека има право да го користи само името „Македонија“. Дел од аналитичарите оценуваат дека тоа на Северна Македонија може да ѝ донесе проблем во евроинтеграциите, додека за други заканите немаат тежина бидејќи преговорите со ЕУ секако се блокирани.

Грузијци отпуштени од работа поради протестирање

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца Грузијци сведочат како или биле отпуштени или биле под притисок да си дадат отказ доброволно откако ја критикувале владата преку Интернет или се приклучиле на протестите против контроверзниот закон за „странски агенти“. Демонстрантите и опозицијата велат дека законот може да ги намали граѓанските слободи и да ја загрози кандидатурата на земјата за членство во Европската унија.

Американската амбасадорка во НАТО ги повика земјите од Западен Балкан да трошат повеќе за одбраната

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадорката на САД во НАТО Џулијан Смит ги повика земјите од Западен Балкан да се фокусираат на нивните евроатлантски аспирации и вредностите на отворените и демократски општества.

Европски пат трасиран со пркос, надежи или реална стратегија?

SlobodnaEvropa.mk 

Дали се реални надежите на новата можна владејачка гарнитура дека може да пркоси со името Македонија, да очекува промена на преговарачката рамка за преговарање со ЕУ по изборите за Европскиот парламент и изборите во Бугарија? Њузлетер 17.05.2024