Алиментациски фонд - спас за децата кога родителот не плаќа алиментација
Неплаќањето издршка или алиментација во Северна Македонија е кривично дело. Од 2023 година па досега, правосилно стапиле на сила девет затворски казни по овој основ – велат од Основниот кривичен суд Скопје. Но и натаму има родители кои не ја плаќаат законската издршка на своите деца. Здружението „Млади од семејна разновидност“ по трет пат иницира државата да основа алиментациски фонд по примерот на земјите во регионот.