ru24.pro
SlobodnaEvropa.mk
Август
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

УНХЦР: Пакистан ги депортира авганистанските бегалци пред предвидениот рок

0

Пакистан почна со депортирање на авганистански бегалци пред официјалниот рок за нивно заминување, соопшти Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), предупредувајќи дека овој потег може да доведе до присилно враќање на повеќе од милион луѓе.

„УНХЦР ги повика властите веднаш да ги запрат присилните враќања и да усвојат хуман пристап кој поздразбира доброволно, постепено и достоинствено враќање“, се наведува во соопштението на организацијата.

Според извештајот на УНХЦР, регистрирани се случаи на апсења и депортации на законски регистрирани авганистански државјани, наспроти тоа што пакистанската Влада претходно го најави 1 септември како последен рок за заминување.

Кампањата за депортација ги таргетира носителите на авганистанска граѓанска картичка (AГК), лица без документи и оние кои пристигнале по враќањето на Талибанците на власт.

И покрај зголемените критики, пакистанските власти ја бранат политиката како неопходна за националната безбедност и управувањето со ресурсите.

Пакистанската влада често ги обвинува авганистанските граѓани за милитантно насилство и криминални активности. Овие тврдења пак ги отфрли екстремистичката влада во Кабул предводена од Талибанците.