ru24.pro
SlobodnaEvropa.mk
Июль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

По 11 години пуштени првите 20 километри од автопатот Кичево - Охрид

0

Првите 20 километри од автопатот Кичево - Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, од денеска (13 јули) се пуштени во употреба.

За власта, ова е показател за, како што велат, разликата меѓу неа и политичките опоненти.

„Само една година откако ја преземавме одговорноста да ја водиме државата успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти во Македонија. Проект кој со години стоше како симбол на застој, срамна слика за држава што тапка во место, а денес е симбол на новото време“, рече премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на пуштањето во употреба.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пак, рече дека за многу скоро време ќе биде завршен и вториот дел, а до крајот на идната година и целиот автопат.

Автопатот Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година.

Тогаш беше најавен како најголема инфраструктурна инвестиција во изминатиот половина век, која ќе придонесе за побрз економски и туристички развој.

Собранието во октомври 2013 донесе посебен закон за овој проект и за изградба на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип. Неколку месеци подоцна, во февруари 2014, тогашниот премиер Никола Груевски, кој ја предводеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, фрли „прва лопата“ за старт на изградбата на овој автопат.

Вредноста на автопатот со вкупна должина од 57 километри, кој го изведува кинеската компанија „Синохидро“, првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на Договорот и продолжувања на роковите достигна 598 милиони евра.