Лице во асфалтот, лисици - како казнуваат во Украина на 9 мај
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Зорјан Шкирјак вети дека соработниците на органите на прогонот „ќе реагираат сурово“ на користењето на Георгиевските ленти на 9 мај, објави РТ во понеделникот (8 мај).
Шкирјак рече дека полицијата „ќе реагира жестоко на активностите на провокатори кои користат забранети комунистички и нацистички симболи или т.н. Георгиевски ленти“, цитира телевизија „Еспресо“.
Порошенко им ја честиташе на борците на УВА победата над фашизмот
Според него, ако „прекршителите“ одбиваат да ги отстранат „провокативните антидржавни симболи“, ќе бидат уапсени.
„Ако, не дај Боже, се појави некој провокатор и во неговите раце има нешто, на пример оружје, ние, се разбира, ќе дејствуваме во согласност со инструкциите. Има прекршување на законот, нема соодветна реакција на барањата на полициските службеници - лице во асфалтот, лисици и зад решетки“, појасни Шкирјак.
