ru24.pro
World News in Macedonian
Май
2017

Косачов: Одете во Киев да видете што прават со ветераните

0

Претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Константи Косачов му предложи на Советот на Европа по објавувањето на извештајот за Крим да го посети Киев пред 9 мај и да види „што се прави со ветераните на советската армија“.

Да го спречиме обновувањето и ширењето на фашизмот

„До Советот на Европа! Не сакате да дојдете на Крим, туку за ситуацијата таму повеќе судите врз основа на второстепени извори. Не ја посетивте ни Одеса на 2 мај, на третата годишнина од страшната трагедија за која никој не е казнет. Дојдете барем сега, пред 9 мај и особено на Денот на Победата над нацизмот, погледнете што ќе се случува во Киев со ветераните на советската армија кои се бореа против Хитлер, како и со нивните денешни следбеници“, напиша рускиот сенатор на својот „Фејсбук“ профил, пренесува RT.

Според него, претставниците на Советот на Европа „или ќе бидат мачно посрамотени поради своите предубедувања и двојните стандарди или нема да им биде мачно, но во тој случај тие се едноставно непотребни“.